Црна хроника
Приведено лице од Косово, во камион криумчарело стока без документација
Вчера околу 16.30 часот на ул.„Јадранска магистрала“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Блаце при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода Н.Х.(49) од Косово, поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“.
При преглед во товарното возило „рено“ со косовска национална ознака, кое го управувал, била пронајдена стока за која немал доказ за потеклото, односно не поседувал официјален заверен документ. Возилото и стоката биле одземени за понатамошна постапка, а лицето било задржано во Полициската станица Чаир.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пиштол и куршуми пронајдени кај стружанец
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.Б.(69) од Струга.
Тој се сомничи за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници од ОВР Струга, пронајдоа и одзедоа еден пиштол калибар 7,65 милиметри и 16 куршуми различен калибар кои, нелегално ги поседувал.
Црна хроника
Пронајдени 10 мигранти, приведен шверцерот од Албанија
Вчера во 23:35 часот на улицата „Вардарски рид“ во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишија од слобода 24-годишниот В.Ц. од Република Албанија.
При контрола на патничко возило „киа“ со албански национални ознаки, кое го управувал, пронајдени се 10 лица мигранти, од кои седум од Египет и три од Мароко.
Мигрантите се сместени во прифатно-транзитен центар во Гевгелија, а лицето е задржано во полициска станица.
Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
„Мерцедес“ со германски таблички се преврте на патот Кичево – Гостивар: повредени три лица, меѓу нив и малолетничка
Вчера во 12:50 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на патот Кичево-Гостивар, во близина на „Мавровска раскрсница“, патничко возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, управувано од И.Р.(39) од Кичево, се превртело на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле 14-годишна сопатничка од с.Стрелци, кичевско и А.В.(24) од Романија, констатирани во Општата болница Гостивар.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

