Спорт
Тага во светот на фудбалот: Почина Франц Бекенбауер
Франц Бекенбауер, легендарниот германски фудбалер, почина на 79-годишна возраст, а веста за неговата смрт стигна во понеделникот.
Бекенбауер е роден на 11 септември 1945 година во Минхен и одбележа епоха во светскиот и германскиот фудбал.
„Со најдлабока болка објавуваме дека нашиот сопруг и татко, Франц Бекенбауер, почина мирно во сон во неделата, опкружен со членовите на неговото семејство. Бараме да го оплакуваме во мир и да се воздржите од прашања“, се вели во соопштението на семејството.
Бекенбауер ќе остане запаметен по тоа што со Германија беше светски првак и како играч и како тренер.
Неговото име ќе остане синоним за Баерн, каде за 13 години одигра преку 400 натпревари и освои се што можеше.
Како активен фудбалер го освои Светското првенство во 1974 година, а потоа како тренер во 1990 година. Со Баерн четири пати ја освои Бундес лигата, три пати Лигата на шампионите, а во 1972 и 1976 година беше избран за најдобар играч во Европа како добитник на Златната топка.
Во 1977 година се пресели во Космос од Њујорк, а во 1980 година се враќа во Германија во ХСВ, со која го освои домашното првенство во 1982 година. Од 1984 до 1990 година беше селектор на Германија, а од 1994 до 2009 година беше претседател на Баерн. Како спортски директор беше и во Олимпик од Марсеј.
Познат по прекарот Кајзер Франк, важи за едно од најдобрите централни полувремиња во историјата на фудбалот, а во националниот тим одигра 103 натпревари и постигна 14 голови.
Тој боледуваше од Алцхајмерова болест, со поврзана деменција, а последен пат беше виден во јавноста во јануари минатата година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Џокерот Шешко за триумф на Јунајтед кај Евертон
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го победија Евертон со 1:0 во последниот натпревар од 27-то коло од Премиер лигата.
Екипата на Мајкл Карик ја продолжи борбата за место во Лигата на шампионите следната сезона. ЈУанјтед се искачија на третото место на табелата со 48 поени, три помалку од третопласираната Астон Вила и три повеќе од Челзи и Ливерпул, кои се на позициите пет и шест.
Натпреварот на „Хил Диконсон“ го реши џокерот на Мајкл Керик, Словенецот Бенјамин Шешко.
Централниот напаѓач, со гол го аврши брилијантниот контра напад на својот тим.
Евертон се обиде во финишот да освои бод, но гостите од Манчестер ги одбија сите напади.Евертон осната на деветтото место на табелата со 37 поени.
Спорт
УЕФА го суспендира Престијани
Џанлука Престијани е суспендиран за реваншот од плејофот на Лигата на шампионите против Реал Мадрид.
Денес, УЕФА потврди во официјално соопштение дека фудбалерот на Бенфика е суспендиран поради истрагата што е започната против него.
Познато е дека Винисиус Жуниор го обвини Аргентинецот дека го навредувал на расна основа, УЕФА веднаш започна истрага, и иако таа не е завршена, има право да го суспендира, што го искористи.
УЕФА се повика на правилото од својот правилник дека може да суспендира играч против кого се води истрага, а Престијани нема да може да му помогне на својот тим, во реваншот во Мадрид.
Натпреварот Реал – Бенфика е закажан за среда во 21:00 часот.
Foto/ EPA
Спорт
Берокал: Привилегија е да бидам селектор на Македонија
Од денеска, и официјално, шпанскиот стручњак, Жозеп Мариа Берокал е селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија.
Новиот македонски селектор веќе почна со работа, одржа два тренинга и ги изнесе своите први импресии пред претставниците на медиумите:
„Ви благодарам за можноста да бидам тука, привилегија е да бидам селектор на Македонија. Знам дека е краток периодот за подготовки, но во овие само два тренинга со репрезентацијата, видов дека има голем простор за напредок.
Мислам дека треба да размислуваме на долги патеки, да го унапредуваме тимот и важно е за иднината, кои млади играчи ќе доаѓаат во националниот тим“.
Берокал ги објасни „конекциите“ преку кои дојде до стартот на оваа, сите се надеваат, долгорочна соработка:
„Што се однесува до македонската кошарка, поврзан сум со неа преку Владо Илиевски, му бев тренер пред 23 години. Некои од играчите во репрезентацијата ги познавам, му бев тренер на Војдан Стојановски во Украина, некои ги знам од Шпанија.
Среќен сум, знам дека на почетокот нема да биде лесно, ќе биде долг процес, но ќе се обидеме да направиме максимум од овие играчи.
Кое ќе биде нивото што ќе го достигнеме, не знам, но верувам во сите. На кошаркарите им реков дека треба да се натпреваруваат сами со себе, да бидат подобри, да имаат шампионски менталитет. Да не гледаме премногу далеку во иднината, да се фокусираме на она што ни претстои“ – рече Берокал на денешната промоција.
Извор и Фото/ mkd.basketball

