Спорт
Бекенбауер беше длабоко потресен од смртта на неговиот син, пишуваат медиумите
Светскиот фудбал беше длабоко потресен од веста дека во неделата почина славниот Франц „Кајзер“ Бекенбауер, додека веста за неговата смрт беше објавена еден ден подоцна.
Неговата здравствена состојба долго време не била добра.
Смртта на неговиот син Штефан во 2015 година, кој своевремено беше на проба во Црвена Звезда, не можеше да ја преболи сите овие години.
Штефан имаше само 21 година кога дојде да се проба во Звезда во 1990 година со намера да се докаже. Тој дури одигра и еден пријателски натпревар против нисколигашот Палилулац, а потоа даде интервју и за реномираниот весник „Темпо“.
„Зошто ја напуштив СР Германија? Затоа што таму е многу тешко за младите играчи. Се игра напорно, со сила. Техниката и знаењето се во втор план. Доминираат остри и искусни играчи. И уште нешто: презимето Бекенбауер за мене е огромен товар што го чувствувам од почетокот на мојата фудбалска кариера. Сите ме гледаат како син на „Кајзерот“. Претпоставувам дека очекуваат веднаш да играм како него и ги бараат моите маани. Очекувањата беа големи и тој товар ме натера да размислувам за заминување“, велеше Штефан.
Од смртта на синот, легендарниот Франк се бореше со Паркинсонова болест, деменција, имаше и неколку операции на срцето, страдаше и неговото око.
„Франц Бекенбауер веќе некое време се повлече од јавноста. Смртта на неговиот син Штефан (46) во 2015 година, како и гласините (за поткуп) поврзани со Светското првенство во 2006 година што се одржа во Германија го земаа својот данок“, пишува германски „Билд“.
Исто така, германските медиуми пишуваат дека Бекенбауер се мачел во последните денови од животот, и дека долго време немал мир.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Вини два пати погоди од пенал, Реал го победи Реал Сосиедад
Реал Мадрид е незапирлив со Алваро Арбело на клупата. „Кралскиот клуб“ ја забележа осмата победа по ред во Ла Лига.
Во натпреварот од 24-то коло, Реал Мадрид го победи Реал Сосиедад со 4:1 (3:1). Мбапе не играше, а три од петте гола беа постигнати од 11 метри.
Серијата на голови ја отвори Гонзало Гарсија во петтата минута. Ојерзабал изедначи од пенал во 21-та минута, а само четири минути подоцна, исто така од пенал Винисиус му ја врати предноста на Реал.
По половона час игра гол за Реал постигна и Феде Валверде. Уругваецот го постигна во Ла Лига од 20 април минатата година.
Точка на натпреварот стави Винисиус во 48-та минута, повторно од пенал. Последен пат Винисиус постигна два гола на 4 октомври, минатата година, во дуелот со Виљареал.
Реал Мадрид сега има 60 бода на првото место на табелата, два повеќе и еден натпревар повеќе од Барселона, додека Сосиедад е осми со 31 бод.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Јуве со играч помалку не успеа да го шокира Интер, Зјелински херој во 90-та минута
Во 186-то „Дерби дела Италија“ одиграно на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано, Интер го победи Јувентус со 3:2. Лидерот во Серија А го слави Пјотр Зјелински, кој во 90-та минута го постигна голот за победа.
По април 2024 година и дури 11 натпревари, само во Серија А, против трите најголеми конкуренти Јувентус, Милан и Наполи, Интер конечно успеа да добие еден дерби натпревар.
По победата 3:2 во дербито, Интер има капитални осум бода во однос на градскиот ривал Милан.
По бавниот почеток, Интер ја искористи првата вистинска шанса, Камбијасо во 17-та минута си постигна авто-гол За киксот, Камбијасо се искупи осум минути подцна кога успеа да изедначи.
Јуве по израмнувањето беше подобриот тим на теренот, но Интер имаше чиста шанса преку Тира,, а потоа и Бастон. Во истата минута, 42-ра, се случи клучниот момент во натпреварот.
Поради грешката на Мирети, Калулу се обиде да спречи контра на Интер, доби жолт картон, кој за него беше втор, поради што мораш да го напушти теренот.
Нова предност на Интер му донесе младиот напаѓач Пио Еспозито во 76-та минута, а девет минути подцна Локатели изедначи на 2:2.
Како што се очекуваше, Интер тргна на „сè или ништо“. А Ди Грегорио имаше брилијантна интервенција во 89-та минута, кога му однесе зицер на Бисек.,
Но, во 90-та минута немаше спас за Јувентус. Зјелински шутираше од 18 метри, ја протурка топката низ нозете на Локатели, а Ди Грегорио беше немоќен.
Foto/ EPA
Спорт
МЗТ против Куманово ќе го брани трофејот во Купот
МЗТ и организаторот на завршниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“, Куманово, утре ќе се борат за трофејот, откако во полуфиналето славеа во дуелите со Кожуф, односно ТФТ.
МЗт, во првото полуфинале, го декласира ланскиот противник во финалето Кожуф со 76:58.
Шести пат по ред, а вкупно 19. пат во својата историја, МЗТ Скопје Аеродорм ќе игра во финалниот натпревар од Купот„ Благоја Георгиевски-Буштур“.
На браителот на трофејот, Кожуф му пружи отпор само во првите 17 минути. Кога МЗТ стекна двоцифрена бредност, јасно беше кој е биде конечниот побеник.
МЗТ го предводеа Смит Мексвејн со 12 поени, Магдевски и Д.Стојановски имаа по 10, ветеранот додаде и шест скока и две асистенции.
На другата страна од теренот, Кузманов застана на двоен ефект, од 15 поени и 10 скока, Николас и Симиќ постигнаа по 12.поени.
Куманово, во изедначен натпревар, го победи ТФТ со 87:79. Блескаше Николиќ, кој не дозволи изнандување во полуфиналето.
Николиќ го заврши мечот со 31.поен (7/9 за три поени), пет асистенции и пет скока. Луковиќ додаде 17.поени и осум скока, Стевановиќ 11поени, седум скока и две додавања. а Ѓуроски имаше 10.поени и две асистенции.
Во поразената екипа, Дејвис заврши со 24.поени, по четири скока и асистенции, Гордон имаше 15 поени.
Финалето во Куманово, утре, ќе започне во 19 часот.
Foto/ mkd.basketball

