Свет
(Видео) Крвава пресметка во хотел во САД, тројца загинати
Полицијата во американската сојузна држава Минесота соопшти дека три лица, меѓу кои и осомничениот, се убиени при пукањето што се случи вчера вечерта во хотелот „Супер 8“. Вработен во хотел во градот Клокет пронашол уште еден вработен со повреди и се јавил на 911 околу 18.30 часот. По пристигнувањето, полицијата пронашла 22-годишна жена со прострелна рана. Таа била пренесена во болница, каде што набргу починала.
Полицајците потоа пронашле мртов 35-годишен маж во автомобил на паркингот во хотелот, кој исто така починал од прострелни рани. Набргу бил лоциран и осомничениот за нападот, кој бил пронајден мртов пред имотот на хотелот. Од полицијата велат дека овој случај бил самоубиство, пишува „Си-би-ес њуз“.
Надзорните камери во хотелот го потврдија идентитетот на осомничениот, но полицијата сè уште не знае што точно го предизвикало овој инцидент. Истрагата е во тек. Идентитетот на жртвите и осомничените ќе биде објавен откога ќе бидат известени нивните семејства.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нови детали за трагедијата во Иран: технички дефект е причина за падот на хеликоптерот, јавуваат иранските медиуми
Причината за падот на хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ебрахим Раиси е технички дефект на леталото, јавува иранската агенција ИРНА.
„Раиси загина во неделата како последица на хеликоптерска несреќа што се случи поради технички дефект на леталото“, се наведува во извештајот на иранската државна новинска агенција.
ИРНА не ја прецизираше природата на дефектот на хеликоптерот, објави ТАСС.
Екипите за пасување со часови ја пребаруваа нерамната површина од густа шума низ дожд и магла пред да го пронајдат местото на несреќата. Немаше преживеани.
Хеликоптерот со претседателот Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан се урна во неделата во северозападниот дел на Иран, во областа Верзеган, а покрај двајцата загинаа уште шест лица.
Регион
Вучиќ изрази сочувство за смртта на Раиси
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изрази сочувство до народот и владата на Иран во врска со смртта на претседателот на таа земја, Ебрахим Раиси.
„Изразувам сочувство до народот и владата на Исламската Република Иран за смртта на претседателот Ебрахим Раиси, искрен и доследен пријател на Србија“, напиша Вучиќ на својот профил на мрежата Х.
Хеликоптерот со Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан се урна во неделата во северозападниот дел на Иран, во областа Верзеган, а покрај двајцата загинаа уште шест лица.
Свет
Хелокоптерот во кој загина иранскиот претседател не емитувал никаков сигнал
Хеликоптерот што се урна додека ги превезуваше претседателот и министерот за надворешни работи на Иран немал вкучено сигнален систем или не поседувал, изјави турскиот министер за транспорт Абдулкадир Уралоглу.
Уралоглу им рече на новинарите дека провериле дали има сигнали од хеликоптерот откако слушнале дека се урнал.
„Но, за жал, мислиме дека најверојатно сигналниот систем бил исклучен или хеликоптерот го немал тој сигнален систем бидејќи ние сигурно ќе ги видиме тие сигнали, но немаше“, рече тој.