Скопје
Првото бебе во Штип е женско

Градоначалникот на Штип, Илчо Захраиев традиционално го посети првороденото бебе во новата година. Во првите три дена од новата година во Штип се родија пет бебиња, а првото бебе во новата година е девојче.
„По Нова година дојдовме во клиничката болница да ја посетиме прворотката. Да истакнам дека прворотката ни е до Ромска националност и е седмо по ред. Сакавме со скромните подароци да покажеме дека водиме грижа за наталитетот во државата. Убаво е што персоналот тука се грижат да имаат родилките да имаат одлични услови“, изјави Захариев.
Мајка на првото бебе во 2016 е Руки Алионска а бебето ќе биде именувао како Валерија. Таа доби штедна книшка со 10.000 денари кои традиционални ги обезбедува „Комерцијална бамка“-Штип која исто така е донатор и на детската играчка.
Семејството инаку го изгуби домот при неодамнешниот пожар, но таа е храбра и вели дека е среќна што има седум деца, сите девојчиња и едно машко.
Градоначалникот и на преостанатите мајки им подари пакетчиња за најмалите.
Во 2015 имало 947 породувања од кои голем дел се мајки кои добија и трето дете. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ Аеродром: Каде заглави реконструкцијата на тротоарите на Владимир Комаров?

„Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и Дејан Митески во Општина Аеродром е видлива буквално на секој чекор. Реконструкцијата на тротоарите на половина од улицата Владимир Комаров во Стар Аеродром никако да заврши. Повеќе од месец дена трае реконструкција на тротоари во должина од 450 метри во правец, на потегот од бул. Јане Сандански до бул. Васко Карангелевски“, велат од СДСМ Аеродром.
„За оваа реконструкција согласно договорот со изведувачот предвидени се 6,8 милиони денари и рок за реализација од 12 месеци.
Фактот што истовремено се реконструираат тротоарите од двете страни на улицата со несоодветна сигнализација за ограничување на движењето ја нарушува безбедноста пешаците кои секојдневно ја користат улицата.
Во текот на реконструкцијата на тротоарите на повеќе места видно е оштетен и коловозот што дополнително ја нарушува безбедноста при движењето на оваа улица.
Имајќи предвид дека се работи за исклучително фреквентна улица, јавно го прашуваме в.д. градоначалникот Дејан Митески:
Каде заглави реконструкцијата на тротоарите на Владимир Комаров?
Дали Општина Аеродром ги има на сметка потребните 6,8 милиони денари за реконструкцијата на само половина од ул. Владимир Комаров?
Зошто во овој мандат не се реконструираат и тротоарите на другата половина од улицата, од бул. Јане Сандански до Железничка?
Пред 4 години покрај овие тротоари ветивте и велосипедска патека на истиот потег, каде исчезна ова ветување од општинските програми?
Нели е срамота тротоари од 450 метри во правец да се реконструираат повеќе од месец дена?
За споредба, во време СДСМ за само 2 недели заврши реконструкцијата на 4 коловозни ленти на бул. Димитрија Чуповски од Палома Бјанка до бул. Св. Климент Охридски.
Трпението на жителите на Аеродром е при крај. Дојде времето кога ВМРО-ДПМНЕ и Митески треба да си понесат одговорност за сопствената неспособност. На 4-годишното пустошење на Општина Аеродром мора да му се стави крај“, се наведува во соопштението на СДСМ Аеродром.
Македонија
Герасимовски: Македонскиот јазик е нашиот дом, да го негуваме, развиваме и пренесуваме за идните генерации

Градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски, упатува честитка по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Во честитката, тој истакнува дека јазикот е нашиот дом, корен и завет.
„Нека ни е честит Денот на македонскиот јазик. Гордо го славиме 5 Мај, денот кога македонската азбука беше озаконета и поставен темелот на нашиот јазичен идентитет. Јазикот е наш дом, наш корен и наш завет. Да го негуваме, развиваме и пренесуваме со љубов и посветеност, денес и за идните генерации. Македонскиот јазик заслужува да се слуша, чита и почитува, насекаде“, вели Герасимовски.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.30 часот, објектите на фирмите Сојуз на Здружение на Возачи и Елмиго, корисниците од улиците Драчевска, Андреја Петковиќ, Славка Динкова, Гандиева, Ниже Планина, Јакупица, Атанас Разлов и корисниците од околните стопански и нестопански објекти, општина Кисела Вода, како и корисниците од ул. Иван Цакар – поголем број од парните броеви, општина Ѓорче Петров.