Европа
Финска ја обвини Русија дека им помага на илегалните мигранти да влезат во земјата

Финска ќе го продолжи затворањето на границата со Русија, кое требаше да заврши на 15 јануари, изјави министерот за земјоделство и шумарство, Сари Есајах, за финскиот јавен сервис, пренесува „Ал џезира“.
„Границата ќе остане затворена“, рече Есајах на прашањето дали границата ќе остане затворена уште еден месец. Финските медиуми претходно објавија дека владата ќе ја продолжи мерката.
Финска ја затвори руската граница на крајот на минатата година за да спречи зголемен број баратели на азил да влезат во нордиската земја.
Финските власти ја обвинија Москва дека го извршила наводниот хибриден напад и намерно им помага на мигрантите без документи да преминат во нордиската земја. Кремљ ги негира обвинувањата.
Речиси 900 баратели на азил од земји, како Кенија, Мароко, Пакистан, Сомалија, Сирија и Јемен, влегле во Финска од Русија во ноември, што е голем пораст од претходниот период, покажуваат податоците на финската гранична полиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Украина предлага нов пристап по упадот на дроновите во Полска: „Путин продолжува да ескалира, да ја проширува својата војна и да го тестира Западот“

Упадот на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор покажува дека „чувството на неказнивост на Путин продолжува да расте“, предупреди украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха. Тој повика на партнерските земји да им биде дозволено да соборуваат беспилотни летала и ракети во украинскиот воздушен простор.
„Путин само продолжува да ескалира, да ја проширува својата војна и да го тестира Западот. Колку подолго не наидува на никаква сила како одговор, толку поагресивен станува. Слабиот одговор сега ќе ја провоцира Русија уште повеќе, а потоа руските ракети и беспилотни летала ќе летаат уште подалеку во Европа.
Оваа ситуација покажува дека конечно мора да се донесе одлука за да се дозволи користење на партнерските капацитети за воздушна одбрана во соседните земји за пресретнување беспилотни летала и ракети во украинскиот воздушен простор, вклучително и оние што се приближуваат до границите на НАТО. Украина долго време предлага таков чекор“, напиша Сибиха на Икс.
Russian drones flying into Poland during the massive attack on Ukraine show that Putin’s sense of impunity keeps growing because he was not properly punished for his previous crimes.
Putin just keeps escalating, expanding his war, and testing the West. The longer he faces no…
— Andrii Sybiha 🇺🇦 (@andrii_sybiha) September 10, 2025
Руските беспилотни летала и ракети постојано го нарушуваат воздушниот простор на Полска и другите членки на НАТО за време на нападот врз Украина, но до денес нема потврден случај на локални одбранбени сили што собориле руски дрон или ракета.
фото: принтскрин
Европа
Литванија: Путин нема да запре освен ако ние не го запреме

Кестутис Будрис, министерот за надворешни работи на Литванија, изрази солидарност со Полска. Будрис повика на зајакнување на воздушната одбрана и рече дека НАТО мора да одговори со капацитети, „не само со загриженост“.
„Реалноста е јасна: сè додека на Путин му е дозволено да ја продолжи својата крвава војна против Украина, ниедна земја – дури ни во рамките на НАТО – не е безбедна. Санкциите мора да удрат во срцето на воената економија на Кремљ. Путин нема да запре освен ако ние не го запреме“, рече тој.
Европа
Оштетен дрон пронајден на 40 км од границата на Полска со Белорусија

Локалната полиција потврди дека оштетен дрон за кој се верува дека учествувал во ноќен напад е откриен во селото Чосновка во источна Полска.
Чосновка се наоѓа на околу 40 км од границата на Полска со Белорусија.
Полската влада ги предупреди сите што ќе го пронајдат соборениот дрон да не му се приближуваат, велејќи дека „таквите предмети можат да останат опасни и мора да бидат проверени од експерти“.