Македонија
Арсенков бара доградба на поранешната Градска со пет операциони сали: Зградата е стара 93 години, секој ќош е искористен
Директорот на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, поранешна Градска болница, Љубен Арсенков, денес, на прес-конференција за промоција на новата опрема, од премиерот, од министерот за здравство и од јавноста побара поддршка за доградба, која би била на паркингот пред болницата. Во неа би се сместиле пет операциони сали, кои ќе се поврзат со старата зграда на болницата преку топол ходник. Проектот предвидува паркирањето да се задржи, како што е сега, но над паркингот на столбови да се изгради новиот објект, па топлиот ходник за новите операциони сали би служел и како натстрешница, која и сега недостига на влезот во болницата.
„Се работи за доградба во делот на паркингот, која со топол премин би била поврзана со самата установа. Топлиот премин би служел како натстрешница, која во моментот недостига, и за да ги запазиме еколошките моменти, на крајот би завршиле горе на покривот со еден ‘руф-топ бар’. Тој проект би имал голема функционалност. Пет операциони сали со сите светски стандарди е спас за македонската хирургија. Преоптоварени се сите сали, а ќе добиеме други простори во болницата. Зградата е стара 93 години, што и да правиме овде, не можеме, секое ќоше го искористивме“, рече директорот Арсенков.

„Кажете му на Конзерваторскиот дека пред ‘Лувр’ има стаклена пирамида“, го поучи премиерот Ковачевски директорот на болницата
Проблем, кој директорот Арсенков верува дека ќе биде надминат, е Конзерваторскиот центар, кој не дозволува топлиот ходник да се спои со старата зграда оти е заштитена како архитектонски објект.
„Топлиот ходник не ја нагрдува зградата, не нарушуваме ништо, а добивме неопходни моменти“, објасни директорот Арсенков.
Премиерот Димитар Ковачевски, откога директорот Арсенков спомена дека имаат мал проблем со Конзерваторскиот центар, му дофрли: „Кажете му на Конзерваторскиот дека пред ‘Лувр’ има стаклена пирамида“.
На тоа директорот Арсенков рече дека му е жал што не успеал да извади фотографии од најстарата зграда во Америка, која со стаклен мост е поврзана со сосема нова зграда и изрази благодарност за поддршката од премиерот и од министерот Меџити.

Доградбата е планирана на паркингот пред болницата поврзана со топол ходник со старата зграда
„Ова е завршена работа“, рече министерот Меџити и објасни дека првпат денес го гледа проектот, па побара следната недела директорот да дојде во Министерството и да му ја престави целосната замисла. На прашањето дали имаат средства за доградба на болницата, министерот Меџити со насмевка рече: „За средства е многу лесно, премиерот е многу дарежлив“.
Директорот Арсенков особено е благодарен што оваа клиника се нашла во фокусот на Министерството по многу години запоставување. Во болницата годишно поминуваат 120.000 пациенти за амбулантски прегледи, дијагностика и операции. Изминатава година имале тренд на пораст на оперативните зафати, ја надминале бројката од 4.500 операции, а за оваа година очекуваат дека бројката на операции ќе биде 5.000.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ковачки: Честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е огромна, продолжуваме обединети во нови победи
Одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ под лидерството на Христијан Мицкоски e огромна, напиша на социјалните мрежи пратеникот Драган Ковачки откако беше избран на позицијата во партијата.
„Дадената доверба што ми ја укажа претседателот Мицкоски е обврска кон идејата, кон членовите на партијата и кон Македонија.
Благодарен сум за поддршката, за вербата и за можноста заедно да продолжиме по патот на сплотеност, чесна борба и посветена работа.
Благодарност до досегашниот генерален секретар Ѓорѓија Сајкоски кој несебично и целосно беше посветен на организацијата.
Продолжуваме обединети, со срце и со јасна цел во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и иднина каква што ја заслужува Македонија“, напиша Ковачки.
Македонија
Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски
Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна претседателот на партијата Христијан Мицкоски.
„Централниот комитет донесе одлука за избор на нов Извршен комитет на партијата, што претставува спој помеѓу искуството и дел од луѓето којшто се веќе дел од претходните состави на Извршниот комитет и нови членови коишто заедно со оние коишто во минатото беа дел од Извршниот комитет ќе го формираат новиот Извршен комитет на партијата“, посочи Мицкоски.
Овие одлуки, како што рече, се јасен показател дека партијата се менува и се прилагодува на новите предизвици.
„Нашата цел е создавање силна, ефикасна и обединета структура која ќе даде конкретни и одговорни решенија за потребите на граѓаните.
Во периодот што следува, влегуваме во фаза на кадровско екипирање и дополнително отворање на партијата кон нови идеи, нови луѓе и нова енергија. Ќе работиме на зајакнување на внатрешната организација, транспарентноста и инклузивнот процес на членството“.
Најави дека во периодот што следи ќе има доекипирање на структурата на партијата, а веќе во мај месец а најдоцна до јуни, ќе има и рекострукција на дел од ресорите во рамките на владиниот кабинет, а можеби, како што рече и во некои институции.
Досега, информира тој, не е направена таква анализа но во периодот кој следи, истата ќе биде направена.
Соопшти дека за нов генерален секретар е избран пратеникот Драган Ковачки.
Членови на Извршниот комитет се: Александар Николовски, Владо Мисајловски, Гордана Димитриеска Кочоска, Тимчо Муцунски, Ѓорѓија Сајкоски, Никола Мицевски, Луке Галевски, Антонијо Милошоски, Дафина Стојаноска, Рашела Мизрахи, Влатко Ѓорчев, Кирил Пецаков, Марија Андоновска, Ели Панова, Игор Јанушев, Марија Митева, Благоја Ташаминов, Орце Ѓорѓиевски, Онер Јакуповски, Драгана Бојковска, Синиша Стојановски, Стефан Андоновски, Филип Поповски и Бобан Николовски.
Огранизационен секретар е Ивица Томовски, а за шеф на кабинетот на Мицкоски продолжува да биде Владимир Неловски.
„Во услови кога имаме опозицијата која не нуди решенија и која е целосно безидејна, полна со проблеми, знаеме дека решението мора да биде силен граѓански инпут за силна и стабилна ВМРО- ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува по патот на обнова, обединување и подготовка за нови изборни победи, јасно е дека следните ќе бидат парламентарните избори, со една јасна цел – подобар живот за сите граѓани“.
Македонија
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните, велат од СДСМ
„Антилогика – ЗНАМ го напаѓа СДСМ затоа што Максим Димитриевски призна дека не живее од плата.
Па СДСМ само ја објави вистината, не може да им бидеме криви ние за признанието на Максим.
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните.
Тоа веќе сите го знаат“, велат од СДСМ.
Според опозициската партија, со ваквата политика, како што велат, сè да биде приватен бизнис на тендер коалицијата, веќе недостигаат две милијарди евра.
„Што се однесува на времето на ковид кризата државата се задолжуваше за да им помогне на граѓаните, бидејќи СДСМ и тогаш и сега, се грижи за граѓаните. За разлика од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ кои се луксузираат на грбот на народот и вратат тендери.
Таков е примерот со тендерот од 1,2 милиони евра Пошта, за фирмата блиска до ЗНАМ. Додека вработените во Пошта со месеци им доцнат платите.
Работниците да гладуваат, а тие да живеат во луксуз. Така е составен и буџетот, само за нивните потреби“.

