Топ
Триесет дена притвор за таткото кој до смрт ја претепа двегодишната ќерка во Кичево
Судот од Кичево определи 30-дневен притвор за таткото Ф. Д. ( 30), кој ја претепа својата двегодишна ќерка, која по 22 дена борба за живот, почина на скопската Клиника.
Против него е поднесена кривична пријава за убиство.
„Тој, на 18.12.2023 година, околу 21 часот, во семејната куќа во Кичево, при вршење семејно насилство, со физичка сила ѝ нанел тешки телесни повреди на својата двегодишна ќерка, која била пренесена за укажување лекарска помош во Општата болница во Кичево, а потоа во Клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’ во Скопје, каде што на 8 јануари починала“, велат од СВР Охрид.
Мажот е спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор – Битола“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Двајца млади скопјани најдени починати – едниот во напуштена куќа во Центар, другиот во дом на пријател во Кисела Вода
Двајца скопјани на возраст од 25 и 36 години биле пронајдени починати во текот на изминатото деноноќие.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, околу 20 минути по полноќ, во напуштена куќа на подрачјето на Центар бил пронајден починат Е.Р. (25) од Скопје.
Во текот на вчерашниот ден во полицијата било пријавено и дека во дом на негов пријател на подрачјето на Кисела Вода во Скопје бил пронајден починат Б.П. (36) од Скопје.
Во двата случаи, според констатацијата на лекар од Итната медицинска помош, не биле утврдени видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција. Засега нема дополнителни информации за околностите под кои настапила смртта.
Македонија
Мал авион се урна во Мавровското Езеро, едно лице повредено
Мал авион денес се урна во Мавровското Езеро.
Во авионот имало две лица, од кои едното е повредено, потврдија од Центарот за управување со кризи.
Инцидентот бил пријавен на бројот 112, а надлежните постапиле на самото место.
Фото: Пекселс, Сабина Калари
Македонија
(Видео) „Наместо студен камен, никнуваат дрвја што ќе растат“ – засадени 63 јавори во спомен на починатите во „Пулс“
Во Кочани се засадени 63 јавори, по еден за секој млад живот згаснат во пожарот во дискотеката „Пулс“.
„Овој чин не е само еколошка акција, туку длабоко симболичен и човечки гест. Секој јавор претставува жив споменик, тивок знак на почит и сеќавање на нашите деца“, велат семејствата на загинатите деца.
Наместо студен камен, како што додаваат, избрале да засадат дрвја што ќе растат и ќе сведочат за постоењето на нивните деца, како симбол на живот, надеж и сила, со порака дека тие никогаш нема да бидат заборавени.
Семејствата им се заблагодарија на сите што дале поддршка и солидарност во најтешките моменти истакнувајќи дека токму таа поддршка ги покажува општествената одговорност и човечноста и дека од болката заеднички е создадено нешто трајно, достоинствено и исполнето со љубов.

