Спорт
Светски познатата легенда Ентони Гоберт на трките со мотоцикли „е во завршна фаза од својот живот“

Светски познатата легенда на трките со мотоцикли „е во завршна фаза од својот живот“ и добива нега во болница.
Изјавата на семејството на поранешниот професионален тркач Ентони „The Go Show“ Гоберт откри дека тој е на палијативна нега во болницата во Голд Коуст.
Гоберт, кој стана најмладиот возач кој победил на светската супербајк трка, е хоспитализиран.
Во соопштението објавено во средата преку Фејсбук се вели: „Со тага мораме да објавиме дека Ентони моментално е хоспитализиран на палијативна нега и е во завршна фаза од својот живот по кратко боледување. Меѓутоа, во име на Ентони, мораме да им се заблагодариме на неговите многубројни поддржувачи од неговата тркачка кариера“, се вели во објавата.
Гоберт (48) се натпреваруваше помеѓу 1994 и 2006 година во Австралија, Англија, Австрија и САД.
Едно од неговите најзначајни достигнувања дојде во 1994 година, кога победи во последниот дел од сезоната на SWC на Филип Ајленд, Австралија.
Со таа победа стана најмладиот победник на трки во историјата на Светскиот Супербајк, со само 19 години во тоа време. Тој рекорд го собори Јуичи Такеда (18) во 1996 година.
Гобер долго време се бореше со злоупотреба на дрога и алкохол.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Исак за трансферот во Ливерпул: Не знате што сè се случуваше

Фудбалерот на Ливерпул, Александар Исак, изјави дека е среќен што го засилил шампионот на Англија по долгата сага, но дека медиумите и навивачите не знаат што се се случувало.
За Швеѓанецот, сагата успешно заврши, откако го уцени клубот. Њукасл неволно, но сепак, ја послуша неговата желба да се пресели на Енфилд.
Замените пристигнаа на „Сент Џејмс Парк“, тоа се Јоан Виса од Брентфорд и фудбалерот на Штутгарт, Ник Валтемаде, а Исак беше претставен како нов член на „Црвените“ на последниот ден од преодниот рок.
По шокантниот пораз на Шведска од Косово, 25-годишникот за прв пат проговори за околностите на трансферот.
Исак одби да игра за Њукасл во предсезоната и на почетокот на новата сезона.
Напаѓачот влезе од клупата во второто полувреме од поразот на Шведска од Косово со 2-0 во квалификациите за Светското првенство во Приштина. Исак го замени играчот на Њукасл, Ентони Еланга, кон крајот на натпреварот кога Шведска губеше со два гола.
„Не се позанти сите околности, но тоа е тема за друг ден“, изјави Исак за шведските медиуми и додаде:
„Не можам да контролирам сè што е кажано или напишано. Но, среќен сум што станав играч на Ливерпул.“
За време на поразот во Приштина, Исак упати три удари, два кон голот и доби жолт картон.
Швајцарија е прва во групата, Косово е на второто, а Шведска на третата позиција.
Foto/ EPA
Спорт
Реал Мадрид повторно ќе го бојкотира доделувањето на „Златната топка“

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид и оваа година ќе ја бојкотира церемонијата на доделувањето на најпрестижната индивидуална награда во фудбалот, Златна топка.
Една година подцна, Флорентино Перез се уште е лут. „Марка“, медиуми блиско поврзан со Реал, тврди дека никој од клубот нема да писуствува на доделувањето на Златната топка на 22 септември.
Првиот човек на Реал, се однесува како мало дете, лут е што минатата година престижната награда, која се доделува со гласање на капитените, тренерите и новинарите, му припадна на Родри и покрај тоа што се тврдеше дека главен фаворит е Винисиус Жуниор.
Реал и оваа година во најтесниот круг има свои фудбалери: Килијан Мбапе, Џуд Белингем и Винисисус. Но оваа година е јасно дека ниту еден од нив нема да ја добие наградата.
Фаворити се Усман Дембеле, Ламин Јамал и според некои шпекулации Витиња.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Гатузо: Хаос, најлуд натпревар во кој некогаш сум учествувал

Џенаро Гатузо, селекторот на Италија, се осврна на натпреварот по лудиот триумф на неговите избраници.
Аѕурите, во луд натпревар, во Дебрецен, славеа со 5:4 против Израел, а победија во судиското продолжение со голот на Сандро Тонали.
Tonali with Cambiaso assist in the extra minutes scored to take Italy to victory against Israel
Israel 4-5 Italy pic.twitter.com/a0pESXIAe4
— Arsenal Rep (@Arsenal_rep1) September 8, 2025
Гатузо беше видливо исцрпен емоционално по натпреварот и важната победа во борбата за пласман на Светското првенство.
„Хаос. Ова е најлудиот натпревар во кој сум бил како тренер, но тоа е мој проблем, а не проблем на играчите. Ако сакаме да играме на одреден начин, мора да се подобриме“, рече селекторот на Италија и додаде:
„Бевме луди затоа што постојано напаѓавме, а токму тоа го чекаше Израел – тие нè казнуваа секој пат на контранапад. Кога водевме, можевме да се браниме подлабоко“.
Foto/ EPA