Свет
Трамп убедливо ги победи партиските ривали во Ајова: се одржаа првите избори за републиканскиот кандидат во трката за претседател на САД
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, според проекциите на американската агенција АП, ги надмина своите ривали и победи на сепартиските републикански избори во американската сојузна држава Ајова, а второто место го освои гувернерот на Флорида, Рон Десантис.
„Ви благодарам Ајова, ве сакам сите“, напиша Трамп на социјалните мрежи.
На изборите излегоа повеќе од 60 отсто од гласачите, Трамп доби 50,6 отсто од гласовите, а Десантис освои 21,4 отсто од гласовите.
Поранешната амбасадорка во ОН, Ники Хејли, беше поставена зад нив, според истражувањето спроведено од АП меѓу гласачите што одат на пратеничката група.
Проекцијата за победата на Трамп на пратеничката група во Ајова ја презентираа и други американски медиуми – Си-ен-ен, „Фокс њуз“, Си-би-ес, „Ен-би-си њуз“ и „Еј-би-си њуз“.
Со оглед на тоа дека победата на Трамп беше очекувана, според анкетите на јавното мислење, главната борба се водеше за второто место меѓу Десантис и Хејли.
Претседателската трка во САД во 2024 година официјално почна со пратеничката група во Ајова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украина треба да стори сé што е можно за да ја заврши војната со Русија, вели Зеленски
Украина треба да стори сé што е можно за да ја заврши војната со Русија следната година преку дипломатски пат, изјави претседателот Володимир Зеленски, пренесува БТА.
Ситуацијата на фронтот во источна Украина е тешка и Русија напредува, призна Зеленски.
Вчера тој изјави дека под идниот американски претседател Доналд Трамп „војната ќе заврши побрзо“.
Зеленски изрази задоволство од неговите неодамнешни контакти со Трамп, и покрај загриженоста дека американската помош за Украина може да се намали во времето на следниот шеф на Белата куќа.
Свет
Куршум од пиштол заврши во авион со полн со патници на аеродромот Лав Филд во Далас
Авион на компанијата „Саутвест ерлајнс“ полн со патници бил погоден со куршум од пиштол додека се движел на пистата на аеродромот Лав Филд во Далас, соопштија денеска локалните власти.
Авионот се подготвувал да полета за Индијанаполис кога куршум ја погодил десната страна на авионот под пилотската кабина, изјави портпарол на „Саутвест ерлајнс“ за Си Би Ес.
Авиокомпанијата соопшти дека никој не е повреден, а портпаролот на аеродромот Лав Филд во Далас изјави дека патниците биле симнати, авионот се вратил во депото, а пистата била накратко затворена.
Не се соопштуваат дополнителни детали за околностите на инцидентот или кој пукал.
Свет
Незапаметена трагедија во Индија, 10 бебиња изгореа во пожар во болница (ВИДЕО)
Десет бебиња изгореа, а 16 се повредени во пожарот што се случил во петокот вечерта во болница во градот Џанси, во сојузната држава Утар Прадеш, Индија, јавуваат медиумите. Официјални лица изјавија дека пожарот брзо се проширил низ одделението каде што се лекуваат 55 бебиња.
„Четириесет и пет бебиња се спасени и добиваат медицинска помош“, изјави локалниот функционер Бимал Кумар Дубеј и потврди дека се уште не е јасно што го предизвикало пожарот.
Брајеш Патак, вицепремиер на Утар Прадеш денеска ја посетил болницата, се сретнал со семејствата на жртвите, ветил поддршка од владата на семејствата на жртвите и темелна истрага.
„Ќе ги идентификуваме одговорните за оваа трагедија и ќе преземеме строги мерки. Владата е со семејствата во овој тежок момент“, рече тој.
Кога пожарникарите пристигнале да го изгаснат пожарот, морале да ги скршат прозорците за да дојдат до доенчињата, а очевидци велат дека спасувачката операција започнала околу 30 минути по избувнувањето на пожарот, што ја забавило евакуацијата.
Fire in neonatal unit of a hospital in Jhansi city in India’s Uttar Pradesh state kills at least 10 newborn babies and injures 16 others pic.twitter.com/9TrRzrbQYq
— TRT World Now (@TRTWorldNow) November 16, 2024