Свет
Нетанјаху: Нападите во Газа би можеле да продолжат и во 2025 година
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека нападите врз Појасот Газа би можеле да продолжат во 2025 година, пренесува Анадолу.
„Нетанјаху говореше за нападите на Израел врз Газа на состанокот во Биру Себа, во близина на Појасот Газа, на кој присуствуваа високи безбедносни и локални претставници“, објави израелскиот „Канал 12“.
Наведено е дека Нетанјаху на официјалните претставници на состанокот им рекол дека „според сегашната процена, израелските напади врз Газа би можеле да продолжат следната година“.
Локалните официјални лица му рекле на Нетанјаху дека повеќето Израелци, кои го напуштиле регионот каде што живееле поради ракетните напади од Газа и други безбедносни причини, не сакаат да се вратат во пограничните региони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Германија го суспендираше новиот извоз на воено оружје во Израел
Германија го суспендираше новиот извоз на оружје за Израел додека се справува со правните предизвици, според анализата на податоците на Ројтерс и извор близок до Министерството за економија.
Извор близок до министерството цитираше висок владин функционер дека работата за одобрување дозволи за извоз на оружје во Израел е стопирана поради правниот и политичкиот притисок од правните случаи кои тврдат дека таквиот извоз од Германија го прекршува хуманитарното право.
Министерството за економија соопшти дека нема и нема да има забрана за извоз на оружје во Израел, а одлуките се носат од случај до случај по внимателно разгледување, додавајќи дека меѓународното право, надворешната и безбедносната политика се клучни фактори во нивните оценки.
– Нема бојкот на германскиот извоз на оружје против Израел – изјави владиниот портпарол во средата, коментирајќи го извештајот.
Минатата година Германија одобри извоз на оружје за Израел во вредност од 326,5 милиони евра, вклучувајќи воена опрема и воено оружје, што е десеткратно зголемување во споредба со 2022 година, покажуваат податоците на Министерството за економија, кое одобрува извозни дозволи.
Но, годинава одобренијата паднаа, а од јануари до 21 август се дадени само 14,5 милиони евра, покажуваат податоците на Министерството за економија како одговор на пратеничко прашање.
Регион
Вархеји: Добра средба со Вучиќ за спроведување на следните чекори, планот за раст во полн ек
Европскиот комесар за соседска политика и проширување Оливер Вархеји денеска изјави дека имал добра средба со српскиот претседател Александар Вучиќ во Брисел за да ги подготви следните чекори во време кога се започнуваат „амбициозните реформи засновани на реформската агенда на Србија“.
Вархеји на социјалната мрежа Х оцени дека новиот План за раст на Западен Балкан вреден шест милијарди евра е во полн ек.
„На маргините на состанокот на лидерите од Западен Балкан, имав добар состанок со претседателот Александар Вучиќ за да ги подготвам следните чекори додека започнуваме амбициозни реформи врз основа на реформската агенда на Србија. Новиот план за раст од 6 милијарди евра е веќе во полн ек. Повеќе реформи, повеќе поддршка!“, рече Вархеји.
Свет
Фолксваген сака да укине до 30.000 работни места во Германија и да ги намали инвестициите
Производителот на автомобили Фолксваген сака да укине до 30.000 работни места во Германија и да ги намали инвестициите, објави германскиот деловен портал Менаџер.
Како што се наведува, поддржувачите на радикалните мерки во менаџментот на Фолксваген очекуваат бројот на работници да се намали од сегашните 130.000 за речиси една четвртина.
Се најавува дека и Фолксваген поради заштеди ќе ги намали инвестициите за речиси 20 милијарди евра, а можни се отпуштања и во одделот за истражување и развој, пренесува Bild.