Македонија
Тренчевска: Продолжуваме со соработката со општините во делот на детската заштита

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, на состанок со градоначалниците го најави повикот за аплицирање за грант за креирање дополнителни места во предучилишните установи преку адаптации на постојни објекти.
Јавниот повик го имплементира Министерството за труд и социјална политика преку проектот за подобрување на социјалните услуги и финансиската поддршка од Меѓународната банка за обнова и развој. Повикот е во рамките на компонента 2 од проектот „Проширување на пристапот и подобрување на квалитетот на предучилишните услуги“, каде што се финансираат проекти за креирање дополнителни капацитети во предучилишните установи преку адаптации на постојни објекти.
„Ги охрабрувам сите општини што се во рурални средини да аплицираат, на тој начин ќе ги опфатиме најзагрозените деца што живеат далеку од градинка. Детската заштита останува да биде наш приоритет. Затоа иницираме соработки со локалните самоуправи, кои ќе придонесат кон еднакви можности за сите деца“, рече Тренчевска.
Јавниот повик ќе биде отворен до 1.4.2024та година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од општините Кисела Вода, Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.30 часот, корисниците од булевар Борис Трајковски – крак 20 во Усје. (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Божидар Рајковиќ, дел од корисниците од улиците Горноврановска и Горно Лисиче (општина Аеродром ) како и дел од корисниците лоцирани околу улицата Брсјачка Буна бр. 163. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги информира граѓаните дека, денеска:
· Поради изведување на водоводен приклучок ф 100 мм на улицата Призренска 22 бр.46Е, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Призренска 22 од 10:00 часот до завршување. (Општина Бутел)
Македонија
Променливо облачно време со сончеви периоди

Времето денес ќе биде променливо облачно, посвежо и ветровито со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер (над 60 километри на час). Кон крајот на денот облачност ќе се намали.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Кон крајот на денот облачност ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Во четврток времето ќе биде посвежо и ветровито. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 километри на час). Во деновите потоа ќе преовладува сончево време со посвежи утра, а дневната температура ќе биде во постепен пораст.