Контакт

Македонија

„Власта ги краде граѓаните преку сметките за струја“, вели Европски сојуз за промена

Објавено пред

„Нова година, ново крадење на граѓаните од криминализираната власт во заминување, овој пат и преку сметки за струја. Во моменти кога граѓаните се на работ на егзистенција, а сиромаштијата се зголемува, корумпираната Влада уште повеќе ги удира со драстично поскапување на струјата“, рече Фари Хисени од Европски сојуз за промена.

dobivaj vesti na viber

„Тоа најдобро ќе го докажат сметките што се очекува да стигнат до граѓаните. Ајде да одиме со подетално објаснување за да не разбере секој граѓанин:

Ова греалка троши 2 киловати на час, да претпоставиме дека едно семејство го користи 12 часа на ден и испаѓа дека во рок од еден месец троши 720 киловати и автоматски ова домаќинство се рангира во третиот блок потрошувачи на електрична енергија, кои имаат значителен пораст во цената на струјата и покрај лагите на власта дека струјата е намалена.

А драги граѓани, ако пресметаме дека на сите ни треба не само греење, туку и да подготвуваме храна, да користиме машина за перење, да стоплиме вода, тогаш можете ли да замислите што не чека кога ќе дојде сметката на крајот на месецот – изнесуваат огромни суми што треба да ги платиме и на тој начин Владата ни го празни целиот семеен буџет.

Што се однесува до појаснувањето, дали знаете кои корисници се ослободени од струја – само оние кои веќе ги напуштиле домовите бидејќи и да ги запалеле светилките пак ќе го надминат првиот блок.

Не дека ние сме сиромашни, туку тие не крадат во секоја сфера од животот, не крадат во храна, во егзистенција, во струја. Па, патем, и меѓународниците предупредија дека корупцијата и кражбите станаа епидемија.

И од сето ова што го кажавме, излегува дека лажниот ПР на Власта дека е намалена цената на струја е само уште една чиста лага.

Така да, за крај, според ова логика само едно можеме да кажеме дека нашите деца треба да се греат само со оваа греалка на овие ниски температури, додека тие не крадат и трошат милиони. Европскиот сојуз за промена во партнерство со народот ќе стави крај на ова лошо владеење“, изјави Фари Хисени од Европски сојуз за промена.

Македонија

Меџити-Вал: заедничка цел зајакнување на правната држава, борбата против корупцијата

Објавено пред

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска беше домаќин на работна средба со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Република Северна Македонија, Килиан Вал.

dobivaj vesti na viber

Меџити и Вал разговараа за можностите за соработка во континуирано партнерство со цел унапредување на приоритетните реформи во согласност со заложбите на ОБСЕ.

Двајцата соговорници се согласија дека имаат за цел зајакнување на правната држава, борбата против корупцијата, родовата еднаквост и зајакнувањето на младите, додека промовирањето на транспарентноста, човековите права и одржливиот развој за доброто на сите граѓани остануваат заедничка цел.

Меџити повтори дека е максимално посветен на напредокот на интеграциската агенда на земјата кон зачленување во Европската унија, како единствено решение и со масовна поддршка од граѓаните.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Во Прилеп утре Ден на жалост, по трагичната несреќа во која загинаа три медицински лица

Објавено пред

Во Прилеп, утрешниот ден се прогласува за Ден на жалост поради трагично загинатите медицински лица, кои утрово ги загубија животите во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Прилеп-Битола.

dobivaj vesti na viber

Одлуката беше донесена од страна на Советот на Општина Прилеп на вонредна седница.

Прилепскиот градоначалник Борче Јовчевски во своето обраќање рече: „Како градоначалник, како лекар, но пред се како човек утрово со тага ја примив веста за прераната смрт на нашите сограѓани, на еден прекрасен тим на специјалисти и медицински кадар. Еден тим кој животот го посвети во давање на помош и спасување на животи. Дури и на тој пат одеа да спасат животи. Прилеп и Македонија губат врвни луѓе, посветени на својата професија“, нагласи тој.

Несреќата се случила утрово при судир на автомобил во кое биле медицинските лица и товарен камион.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ковачки: Работите во судството се катастрофално лоши, потребни се оставки во судски совет, генерален ремонт и реизбор

Објавено пред

„Работите во судството ни се лоши, катастрофално лоши и тоа е оценка на сите од надвор и од внатре“, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки на денешната собраниска Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

dobivaj vesti na viber

Тој посочи дека поради нула ажурност на судовите резултатите се катастрофални.

„Резултатите се катастрофални со ажурност нула на судовите. Од одредени судови се праќаат по други, од едни апелациони подрачја во други се праќаат на испомош затоа што нема судии“, вели Ковачки.

Правдата генерално во Република Македонија, според него ја нема, судство, обвинителство, како што вели, „таа спрега е скапана и тука ние не може да направиме исчекор без генерален ремонт. Мора да имаме генерален ремонт и реизбор“, потенцираше Ковачки.

Тој е дециден дека сите во судскиот совет треба да си дадат оставки.
„Судски совет како што сега е поставен треба да си дадат оставки затоа што доведоа до тие 2% доверба“, укажа Ковачки.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 часа

Макрон: ЕУ може да умре ако не стане поконкуретнтна со САД и Кина

ЕУ може да умре ако не стане поконкурентна со САД и Кина, предупреди францускиот претседател Емануел Макрон. „Унијата регулира премногу,...

Македонија10 часа

(Видео) Во Прилеп утре Ден на жалост, по трагичната несреќа во која загинаа три медицински лица

Во Прилеп, утрешниот ден се прогласува за Ден на жалост поради трагично загинатите медицински лица, кои утрово ги загубија животите...

Скопје14 часа

Кривичната од МВР е политички мотивирана, градежната дозвола за тениските терени е од времето на Груевски, тврди Општина Карпош

По повод информацијата дека Одделот за криминалистичка полиција при Министерството за внатрешни работи поднело кривична пријава против една скопска општина...

Македонија15 часа

Мицкоски по најавите за протести од ДУИ: Доколку од мирни и демократски, преминат во насилство, ние мораме да ги одбраниме институциите

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека омекнала реториката на ДУИ, која сега најавува протести откога првичните обиди за дестабилизација ѝ биле...

Македонија16 часа

Радиолог, гинеколог и радиолошки технолог загинаа во сообраќајната несреќа кај Прилеп

Во тешката сообраќајна незгода на патот Прилеп – Битола загинаа радиолог, гинеколог и радиолошки технолог. Преку социјалните мрежи за нивната...

Македонија17 часа

За еден месец има шест пријави за врсничко насилство, Јаневска најави измени за психолозите и педагозите да си ја работат само својата работа

Министерството за образование, изминатиот месец, од почетокот на школската година, добило шест пријави за врсничко насилство, извести денес министерката Весна...

Македонија18 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче префрлил 7 милиони евра од здравството на фирма на роднина

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини поранешната власт предводена од СДСМ и ДУИ за несоодветно управување со здравствениот систем во земјата. Актуелниот претседател...

Топ18 часа

Условна за скопјанец, од омраза нападнал припадник на ЛГБТ-заедницата, го удирал со клоци и тупаници по главата и телото

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Скопје, Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда врз основа на признание на вина...

Топ18 часа

ЦУК: Пожарот во зградата во Чаир е комплетно изгасен, состојбата допрва треба да се утврдува

Во 06.00 часот, денеска е добиена информација од БППЗ на Град Скопје дека пожарот се уште бил активен и на...

Топ19 часа

Тројца починати на лице место, возачот на камионот повреден во сообраќајката на патот Припеп-Битола

Tри лица загинаа, а еден е повреден во сообраќајната несреќа што утрово после 7 часот се случи на магистралниот пат...

Свет20 часа

Си-ен-ен: Русија го зазеде клучниот град Вугледар во источна Украина, војници мавтаа со руско знаме над урнатините

Русија го зазеде клучниот источноукраински град Вугледар ставајќи крај на повеќемесечниот отпор, а снимките потврдени од Си-ен-ен покажаа војници како...

Свет20 часа

(Видео) Американска бомба од Втората светска војна експлодира на аеродром во Јапонија, откажани повеќе од 80 лета

Американска бомба од Втората светска војна експлодира на јапонски аеродром, кој беше затрупан под такси-патеката. Експлозијата остави голем кратер и...

Свет20 часа

Рано утрово одекнаа експлозии во Бејрут: Израел повторно нападна, 100.000 луѓе панично избегаа од Либан во Сирија

Рано утринава израелската армија (ИДФ) изврши нов напад врз либанската престолнина Бејрут, чија цел беа, како што тврдат, локации поврзани...

Свет21 час

(Видео) Објавена снимка од американски разурнувачи, кои пукаат во ирански ракети

Објавена е снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети. Централната команда на САД сподели видео клипови од два...

Свет21 час

Меланија Трамп го поддржа правото на жените на абортус во своите мемоари

Меланија Трамп, сопругата на поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп, ја изрази својата страсна поддршка за правото...

Македонија1 ден

(Видео) ЦУК: Гасењето на пожарот во скопски Чаир се одвива отежнато, се вклучува и специјално противпожарно возило на Армијата

Гасењето на пожарот во скопски Чаир се одвива отежнато поради големата количина на чад и високата температура во подрумите во...

Македонија2 дена

Борис Кондарко повторно избран за претседател на ДИК

На денешната седница Собранието донесе одлука за усогласување на составот на Државната изборна комисија (ДИК) по смената на власта во...

Македонија2 дена

Ќе се забрани пристапот до 100 странски онлајн-коцкарници што се користат кај нас, Андоновски алармира дека се вклучени малолетници  

По згаснувањето на домашните онлајн-коцкарници, кои нелегално приредуваа игри на среќа, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, најави дека ќе...

Македонија2 дена

(Видео) Пожар во зграда во Чаир, станарите евакуирани, неколкумина побарале лекарска помош оти вдишиле чад

Пожар избувна во подрумски простории во зграда во скопската населба Чаир, а неколкумина станари, пожарникар и полицаец побарале лекарска помош...

Македонија2 дена

Македонското МНР го осуди иранскиот ракетен напад, граѓаните да не патуваат во Израел, Иран и Либан

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија го осудува синоќешниот ирански ракетен напад врз Израел, како и терористичкиот напад во...