Топ
Вработен во објект на Паркинзи на општина Центар нападнат од негов колега

Вчера во 15.30 часот во СВР Скопје, 59-годишниот З.М. од Скопје пријавил дека околу 06.00 часот на работното место во објект на Паркинзи на општина Центар бил физички нападнат од неговиот колега Ф.Ш., извести МВР.
Се работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
„Дедо, работи прво на Америка “: Медведев по ултиматумот на Трамп

Откако поранешниот претседател на Русија, Дмитриј Медведев изјави дека Доналд Трамп не може да му поставува ултиматуми на Владимир Путин, се огласи една од највлијателните луѓе во околината на Трамп, Линдзи Греам, пишуваат медиумите.
Греам му одговори на Медведев велејќи дека зборовите на Трамп треба да се сфатат сериозно.
„До оние во Русија кои веруваат дека претседателот Трамп не е сериозен во врска со прекинувањето на крвопролевањето меѓу Русија и Украина – наскоро жално ќе се излажете. Исто така, наскоро ќе видите дека Џо Бајден повеќе не е претседател. Ќе седите на масата за мир“, рече Греам.
Многу брзо следеше нов одговор од рускиот функционер.
„Не е до вас или Трамп да диктирате кога ќе седнеме на масата за мир. Преговорите ќе завршат кога ќе се постигнат сите цели на нашата воена операција. Работи на Америка прво, дедо“, рече Медведев.
Поранешниот руски претседател претходно, како што потсетуваат медиумите во своите написи, изјави дека Трамп, кој рече дека му дава на Путин 10-12 дена да ја заврши војната во Украина, сака да игра ултиматумска игра со Русија.
„Трамп ја игра ултиматумската игра со Русија: 50 дена или 10… Тој треба да запомни две работи: 1. Русија не е Израел, дури ни Иран. 2. Секој нов ултиматум е закана и чекор кон војна. Не меѓу Русија и Украина, туку со неговата сопствена земја. Не оди по патот на заспаниот Џо“, напиша Медведев.
Фото: принтскрин
Македонија
Со 71 глас „за“, изгласана интерпелација на државниот обвинител Љупчо Коцевски

Собранието денес ја изгласа интерпелацијата на државниот обвинител Љупчо Коцевски, поднесена од партијата „Левица“. Со 71 глас „за“, без воздржани и без гласови против, Собранието констатира дека наводите во интерпелацијата се основани.
Партијата Левица ја поднесе интерпелацијата минатиот месец поради селективност во истрагата за пожарот во Кочани, политичко влијание во работата на Обвинителството, функционален хаос во Вишото јавно обвинителство Скопје и непостапување по службена должност за дивоградбите во Скопје.
Пред почетокот на седницата, на прес-конференција, пратеникот од СДСМ, Јован Митрески кажа дека партијата нема да учествува во гласањето оти интерпелацијата за јавниот обвинител, Љупчо Коцевски, нема правни последици туку дека е негова одлука дали ќе остане на функцијата. Митрески нагласи дека како пратеничката група на СДСМ и Коалицијата останува на принципиелниот став дека јавното обвинителство мора да биде независно, ослободено од политичко влијание и притисок и сите одлуки мора да се по словото на законот и никако поинакви.
Македонија
(Видео) Митрески: СДСМ нема да учествува во гласањето за интерпелацијата на обвинителот Коцевски

Интерпелацијата за јавниот обвинител, Љупчо Коцевски, нема правни последици и СДСМ нема да учествува во гласањето, одлуката е на обвинителот, изјави пратеникот од СДСМ, Јован Митрески.
„Иако нашиот став претходно беше дека ставот во однос на интерпелацијата за работата на Јавниот обвинител ќе го соопштиме од собраниската говорница сепак поради неразумните и нелогични одложувања на седницата со неразумни и нелогични барања на паузи а и поради вашиот голем интерес решивме тоа да го направиме на оваа прес конференција. Интерпелацијата во принцип значи барање политичка одговорност а овде зборуваме за човек од третата власт. Третата власт или судската власт која по Устав треба да биде независна. Тоа од една страна. Од втора страна тоа може но и не мора да има правни последици. Дали ќе има правни последици зависи од самиот обвинител, од самиот функционер. Во овој случај од самиот обвинител, дали ќе поднесе оставка или не“, рече тој.
Митрески додаде дека ако точката на дневен ред била одлука за разрешување тогаш можело да се отвори дебата дали се задоволни или незадоволни од работата на обвинителот, секако низ соодветно пропишана процедура.
„Како пратеничка група на СДСМ и Коалицијата остануваме на принципиелниот став дека јавното обвинителство мора да биде независно, ослободено од политичко влијание и притисок и сите одлуки мора да се послобото на законот и никако поинакви“, рече пратеникот.
Во врска со истрагата за Кочани, Митрески рече дека Мицкоски кажал е задоволен од тоа како се води истрагата.
„Знаете дека премиерот Мицкоски зборуваше дека треба да се смени Јавниот обвинител и дека, цитирам, таа процедура е тргната и нема сопирање. После трагичниот настан во Кочани знаете дека има промена на изјавата односно дека нема да има разрешување се додека не заврши истрагата. Со тоа што премиерот Мицковски отиде и чекор понатака кажа дека е задоволен од тоа како се води истрагата. Затоа со ова нивна одлука која што денес ја слушнавме на прес-конференција се отвораат прашања кои се легитими, меѓутоа јавноста за тоа ќе добие одговор во следниот период. Се поставува прашањето дали премиерот Мицковски е задоволен од истрагата, бидејќи нема одговор до денес, од тогаш кога во истрагата не се опфатени началниците на Тошковски“,рече Митрески.