Регион
Потрага по маж осомничен за пукање во центарот на Сараево: полициска акција во Босна и Херцеговина
Сараевската полиција објави потрага по машко лице што се поврзува со пукањето во ресторанот „Кве Паса“ во центарот на Сараево.
Престрелката се случила синоќа кога биле ранети две млади момчиња на возраст од 23 години. На еден од нив му биле констатирани полесни физички повреди во пределот на десната рака, а по укажаната помош, бил пуштен на домашно лекување. На другиот човек му биле констатирани сериозни повреди опасни за животот и бил задржан во Клиничкиот центар при Универзитетот во Сараево.
Кривичното дело на сторителот е квалификувано како убиство во обид, а според информациите од истрагата, човекот по кој е распишана потрага е државјанин на Босна и Херцеговина, јавуваат сараевските медиуми.
Престрелката се случила синоќа во сараевската населба Џиџиковац во 20.50 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Невремето во Србија направи хаос: се излеа Дунав, ветерот корне дрвја
Реката Дунав денеска се излеа во Бачка Паланка, во природниот парк „Тиквара“, додека на северот од Србија е забележан значителен пад на температурата и се предвидува невреме пропратено со врнежи и грмежи.
Имено, како што може да се види на видеата на социјалните мрежи, водата достигна такво ниво што од водата штрчат само чадори и улични светилки.
Како што соопшти денеска Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија (РХМЗ), облачност со врнежи од дожд, пад на температурата и умерен и засилен северозападен ветер најпрвин ја зафати Бачка Паланка, но потоа ќе се прошири и во остатокот од Војводина.
Студениот бран преку северот на земјата пристигна во Србија, каде во некои градови температурата беше околу 15 степени.
На граѓаните им се препорачува да ги преземат сите мерки за заштита на имотот, но и себеси поради предвиденото невреме.
Значителна промена на времето утре ќе има и во Македонија, најави Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Утре под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север ќе настапи позначителна промена на времето. Од утринските часови најпрвин во северните делови, ќе има повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува силен ветер (наместа над 70км/ч.) кој ќе продолжи и во понеделник.
ИЗВОР: УХМР
Дневната температура значително ќе се намали (утре за 6 до 8, а во понеделник уште за дополнителни 4 до 6 степени). Потоа во следните два дена времето ќе биде сончево со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.
Во Скопје, утре ќе има повремени врнежи од дожд, локално со појава на ретки грмежи и силен ветер.
Од четврток се очекуваат нови врнежи од дожд.
Регион
Силен земјотрес во Грција
Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди јужна Грција, објави ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран на 44 километри од Пиргос, на длабочина од 20 километри.
Во близина е островот Закинтос.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
#Earthquake (#σεισμός) confirmed by seismic data.⚠Preliminary info: M4.6 || 41 km S of #Pýrgos (#Greece) || 3 min ago (local time 15:18:15). Follow the thread for the updates👇 pic.twitter.com/7n5aGlNhsu
— EMSC (@LastQuake) September 28, 2024
Регион
(Видео) Невреме во Словенија: по обилните дождови се излеа река, поплавени патишта, подруми и ниви
Реката Соча и нејзините притоки на запад од Словенија се излеаjа по обилните дождови во областа Бовец и поплавија патишта, подруми и ниви, јавија денеска словенечките медиуми.
Противпожарните служби евакуирале 30 лица откако одрон го блокирал патот во градот Лепена, јавува агенцијата СТА.
Едно лице е повредено при отстранување на паднато дрво во општина Толмин.
Дирекцијата за цивилна заштита и помош при катастрофи соопшти дека пожарникарите цела ноќ ја испумпувале водата од подрумите и ги отстранувале паднатите дрвја од коловозите.
Во западните делови на земјата врнежите се ослабени од четвртокот навечер, а невремето денеска го зафати и источниот дел на Словенија.
Најголемо количество врнежи се регистрирани во Бохињ и Посочје, објави порталот Метеоинфо.
Рекордни врнежи за Словенија се забележани во Вогел кај езерото Бохињ, при што за 24 часа наврнале 378 литри дожд на метар квадратен.