Контакт

Свет

Столтенберг го поздрави ратификувањето на членството на Шведска во НАТО од страна на Турција и испрати порака до Унгарија

Објавено пред

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја поздрави ратификацијата на членството на Шведска во НАТО во турскиот парламент и ја повика Унгарија да го стори тоа за скандинавската земја да стане 32. членка на алијансата.

dobivaj vesti na viber

„Го поздравувам гласањето во турскиот парламент за ратификација на членството на Шведска во НАТО. Сметам и на Унгарија што побргу да ја заврши ратификацијата“, рече Столтенберг и додаде дека „членството на Шведска ќе го направи НАТО посилен“.

Шведскиот премиер, Улф Кристерсон, исто така ја поздрави ратификацијата велејќи дека неговата земја е чекор кон членство.

„Денеска направивме уште еден чекор кон полноправно членство во НАТО“, рече шведскиот премиер.
Турскиот парламент го ратификува договорот за членство на Шведска во НАТО, а сега останува Унгарија да го ратификува тој договор.

Кандидатурата на Шведска беше одобрена со големо мнозинство во турскиот парламент. За членство на Шведска гласаа 287 турски пратеници, 55 беа против, а четворица воздржани.

Шведска, која е на прагот да стане 32. земја членка на НАТО, ја поднесе својата кандидатура во мај 2022 година, истовремено со Финска, која беше прифатена минатиот април.

Регион

Додик: Економската ситуација во БиХ е подобра од политичката

Објавено пред

Претседателот на Република Српска Милорад Додик  изјави дека економијата во БиХ долго време не е зависна од глобалната политика и посочи дека одредени земји, следејќи ја политиката креирана од Западот, со воведувањето санкции против Русија, остануваат без евтини извори на енергија.

dobivaj vesti na viber

Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Унгарија.

Планирани се средби со унгарскиот премиер Виктор Орбан и со министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто – соопштија од Кабинетот на претседателот на РС.

Прикажи повеќе...

Свет

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање

Објавено пред

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел изјави дека земјите-членки кои делуваа обединето по прашањето за украинско-руската војна, се премногу поделени кога станува збор за палестинското прашање.

dobivaj vesti na viber

Во своето обраќање во Институтот Хувер на американскиот универзитет Стенфорд, Борел рече дека е неопходно да се започне политички процес за зајакнување на палестинската администрација.

„Мораме јасно и гласно да кажеме дека постигнувањето решение за две држави е единствениот начин да се ослободиме од оваа трагедија. Колку и да е тешко, не гледам друг начин да се запре оваа трагедија која ќе остане дамка на совеста на човештвото“, рече Борел, пренесе Анадолија.

Прикажи повеќе...

Свет

САД драстично ги зголемија царините за кинеските производи

Објавено пред

Белата куќа објави дека значително ги зголемува царините за кинеските производи, во вкупна вредност од 18 милијарди долари, за да ги заштити американските компании и работници од конкуренцијата која Вашингтон ја смета за нефер.

dobivaj vesti na viber

Новите тарифи се однесуваат на десет индустриски сектори кои се сметаат за „стратешки“, како што се полупроводници, ретки минерали, медицински производи, електрични возила, на кои, на пример, тарифата ќе се зголеми од 25 на 100 проценти.

Царинските тарифи што ги воведе поранешниот претседател Доналд Трамп за кинески стоки сè уште остануваат на сила, а администрацијата на претседателот Џо Бајден само дополнително ги зголеми, за електрични возила дури четири пати – и сега изнесуваат 100 проценти, објави Белата куќа.

Како објаснување, администрацијата наведе „неприфатливи ризици за американската економска безбедност“ од евтините кинески производи кои го преплавија пазарот.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ4 часа

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци: жртвите пронајдени со повреди на главата, со убодни рани најден и осомничениот

Денеска  во 12.30 во СВР Скопје било пријавено дека во с.Стајковци, скопско, на тераса и на скали во домот со...

Топ5 часа

Двојно убиство во скопско Стајковци

Во скопско Стајковци, попладнево се убиени две лица. Повозрасен маж ги убил братот и снаата, по што самиот се избодел....

Македонија6 часа

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа, ќе поднесат кривична за Даштевски и тужба во Управниот суд

Коалицијата „Храбро за Македонија“ денес обвини за изборен инженеринг и кражба на гласови на парламентарните избори. Од изборните единици 1,...

Македонија7 часа

Демири пред заминување го разреши директорот Петровски од Токсикологија, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Министерот за здравство Илир Демири го разреши медицинскиот директор на Токсикологија, Данил Петревски. Вработените на Клиниката соопштија дека Петровски, кој...

Македонија7 часа

ДИК ги усвои приговорите за седум избирачки места

Државната изборна комисија (ДИК) објави дека усвоила приговори за седум избирачки места. Со тоа усвоени се приговорите за Желино, ИМ 2101,...

Македонија8 часа

„Вреди“: Од 7 отворени гласачки кутии, во 4 се откриени неправилности, ДУИ ќе одговара за злоупотребите и кршењето на законите

Коалицијата „Вреди“ тврди дека имало прекршувања во Шестата изборна единица аргументирајќи дека вчера со одлуката на Државната изборна комисија уште...

Топ10 часа

Почина седумесечно бебе во специјалната болница во Охрид: му бил извршен хируршки зафат, a ден пред тоа било донесено со хематом на главата

Денеска, во раните утрински часови, во СВР Охрид било пријавено дека во специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, по извршен...

Топ10 часа

Автомобили се судрија во Чаир, настрада пешак – жената што се нашла на улицата тешко повредена

Вчера, на улицата Ферид Бајрам во скоската населба Чаир, се судрија два автомобила, при што удрена е и жена пешак. Од...

Македонија11 часа

Грчкиот министер за надворешни работи: Грција не моли, бараме спроведување на договорот од Преспа

Зборувајќи за прашањето за односите меѓу Грција и Северна Македонија, министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис во разговор за ЕРТ...

Македонија13 часа

Заев и Ципрас оствариле телефонски разговор: порастот на националистичкиот популизам од двете страни оценет како лицемерен и опасен

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас телефонски разговарал со поранешниот премиер на Северна Македонија Зоран Заев за најновите политички случувања во...

Свет13 часа

Нов напад на Белгород; Русите: Уништени се куќи, има загинати

Еден далновод и повеќе од дваесетина куќи беа оштетени во најновиот украински воздушен напад врз градот Белгород, а руските воздушни...

Свет13 часа

САД и Австралија претставија огромни подводни дронови: „Ова е иднината на војувањето“

Ghost Shark и Manta Ray се имињата на прототипите на беспилотни подводни возила, UUV или беспилотни летала, неодамна претставени од...

Македонија1 ден

Арсовска: Знаат да склучат договор за рентање луксузни коли за да се вози Талат, а не знаат да си ја искосат тревата во сопствениот двор

„ВД Премиерот Талат од Форино дал насоки за нов напад од некаков си секретар на Владата, кој подеднакво не знае...

Македонија1 ден

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

ЈП Паркови и зеленило преку писмено соопштение се огласи во врска со прашањето дали имаат склучено договор со Владата за...

Топ1 ден

Почина 14-годишно момче во Битолско: му се слошило и паднало

Вчера во 16.45 часот во СВР Битола, од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 15.30 часот во атар на...

Економија1 ден

Од полноќ намалување на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе oдлука со...

Македонија1 ден

Давкова официјално ќе го применува уставното име, а во јавните настапи има право да каже Македонија како чин на самоопределување, велат од нејзиниот кабинет

Во своите јавни настапи македонската претседателка има право да го употребува името Македонија како чин на лично право на самоопределување...

Македонија1 ден

Во важечкиот Изборен законик стои Македонија во делот на свечената изјава – Каракамишева вели дека Силјановска го кажала она што било напишано

Во важечкиот Изборен законик, со прочистен текст во март оваа година, во делот на свечената изјава стои Македонија, а не...

Свет1 ден

Украина: Непријателот постигнува тактички успеси

Украинската армијa призна дека руските сили напредуваат во нивната офанзива во североисточниот дел на регионот Харков. Руските сили се обидуваат...

Македонија1 ден

Бугарскиот претседател и премиерот: Не прифаќаме изјави од Северна Македонија што се во спротивност со меѓународните договори

Бугарија не прифаќа изјави и однесувања што се во спротивност со договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година,...