Свет
Победа на Трамп на републиканските прелиминарни избори во Њу Хемпшир
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп победи на републиканските прелиминарни избори во Њу Хемпшир оставајќи ја зад себе поранешната амбасадорка на САД во Обединетите нации и поранешна гувернерка на Јужна Каролина, Ники Хејли.
Трамп освои 54,5 отсто од гласовите, со што освои 11 електори, а Хејли освои 43,6 отсто од гласовите и освои осум електори, врз основа на речиси 90 отсто од обработените гласачки ливчиња, пренесува „Гардијан“.
Ваквиот исход од прелиминарните избори во Њу Хемпшир, по победата во пратеничката група во Ајова минатата недела, сугерира дека Трамп третпат ќе биде кандидат на Републиканската партија на претседателските избори и дека, најверојатно, ќе се соочи со претседателот на САД и најверојатен кандидат на Демократската партија вторпат во ноември, Џозеф Бајден.
Трамп им се обрати на своите поддржувачи во Нашуа зборувајќи и за резултатите на Ники Хејли.
„Таа не победи, таа загуби. Таа имаше многу лоша вечер. Таа беше трета во Ајова и сè уште виси“, рече Трамп.
Од друга страна, Хејли рече дека и покрај поразот во Њу Хемпшир, ќе продолжи со кампањата за следните прелиминарни избори на Републиканската партија, кои се одржуваат во Јужна Каролина, државата во која таа беше гувернер.
„Примарните избори во Њу Хемпшир беа први во земјата, но не беа последни. Трката е далеку од завршена. Остануваат уште десетици држави, а на ред е мојата Јужна Каролина“, рече Хејли.
Анкетите покажуваат дека Трамп има значително водство во Јужна Каролина.
„Гардијан“ потсетува дека Ники Хејли останува последната противкандидатка на Трамп за републиканската номинација откако гувернерот на Флорида, Рон де Сантис, се повлече од изборната трка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Три украински хеликоптери слетале во близина на фронтот, ги забележал дрон, за кратко време биле уништени
Украински воени хеликоптери по втор пат за два месеци слетале во близина на линијата на фронтот во источна Украина за да се снабдат со гориво и муниција, а од воздух биле забележани од руски дрон, пишува Форбс. Неколку моменти подоцна, руската артилерија со долг дострел – веројатно балистичка ракета Искандер – разнесе три хеликоптери во близина на Павлохрад, 112 километри западно од контактната линија околу населбата Бердичи.
Оваа загуба е катастрофална за малите воздухопловни сили на украинската армија, но и уште еден знак дека Украинците сè уште не можат лесно да одржат соодветна воздушна одбрана по целата линија на фронтот, која е подолга од 960 километри.
Yes, it happened again, this time worse if you want to say so.
Russian Forces hit and destroyed 2x Ukrainian Mi-24 Attack Helicopters standing at a Resupply and Refuel Point in an Open Field(along with a MI-8 in the back, unlikely it was affected) using a D-30SM UMPB bomb (IMO) pic.twitter.com/Do1o8kZTXw
— WarVehicleTracker (@WarVehicle) May 11, 2024
Два нападни хеликоптери Мил Ми-24 и еден Мил Ми-17 беа во мисија во саботата и слетаа на таканаречената „точка за оружје и полнење гориво“, односно ФАРП.
ФАРП е поле во близина на фронтот каде што хеликоптерите можат безбедно да слетаат за да можат помошните трупи брзо да надополнат гориво и муниција. Идејата е екипажот на хеликоптер многу брзо да подигне сè што им треба – идеално за само неколку минути – и повторно да полета пред непријателот да ја таргетира локацијата.
Украинците ги извршуваат овие операции секој ден, бидејќи нивните хеликоптери летаат ниско на мисиите долж линијата на фронтот, пренесувајќи опрема и ранети војници и гаѓајќи ракети без насоки кон руските сили.
Европа
Тело на уште една жртва пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, Русија, бројот на загинати се искачи на 17
Телото на уште една жртва е пронајдено во урнатините на станбена зграда во Белгород, со што бројот на жртви се искачи на 17, соопшти прес-службата на руското Министерство за вонредни ситуации за „Тасс“.
Белгород и неговата околина беа изложени на масовно украинско гранатирање во неделата. Русите тврдат дека остатоците од еден од соборените проектили погодил десеткатница во Белгород, што предизвикало нејзино уривање.
Истражниот комитет на Русија почна истрага за тероризам.
Европа
Грузија го усвои контроверзниот „руски закон“, кој предизвика хаос во земјата
Грузискиот парламент го усвои контроверзниот закон за странските агенти и покрај големото противење на граѓаните и предупредувањата од Европската Унија дека неговото донесување ќе ги загрози шансите на земјата да му се приклучи на блокот.
Новиот закон ќе бара организациите што добиваат повеќе од 20 отсто од своето финансирање од странство да се регистрираат како агенти на странско влијание или ќе се соочат со високи казни. Противниците велат дека законот е направен според слични закони во Русија ,кои Кремљ ги користел за да ги задуши опозицијата и граѓанското општество.
Многу Грузијци стравуваат дека законот за странски агенти ќе се користи на ист начин во нивната земја. Масовните демонстрации со денови го парализираат главниот град Тбилиси.
Грузискиот сон, владејачката партија која го протурка законот, возврати на критиките велејќи дека овој потег ќе ги промовира транспарентноста и националниот суверенитет.
Грузискиот парламент сега има 10 дена да го испрати нацртот до претседателката Саломе Зурабичвили, која веќе вети дека ќе стави вето.
Претседателката има две недели да го стори тоа, но парламентот може да го отфрли нејзиниот приговор со просто мнозинство.