Македонија
Муцунски: Тошковски, Петрова, Велковски, Трипуновски и Андоновски се кандидатите за министри и дополнителни заменици министри

ВМРО-ДПМНЕ вечерва на седница на Извршниот комитет ги утврди кандидатите за министри и дополнителни заменици министри.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски информираше за одлуките кои биле донесени на седницата на Извршниот комитет на партијата, а се однесуваат на предлозите за министри и заменици министри за техничката владата.
На чело на Министерството за внатрешни работи е предложен Панче Тошковски, актуелен претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ и долгогодишен адвокат. За нов дополнителен заменик министер за финансии е предложена Елена Петрова, висок професионалец во областа на финансиите. Ѓоко Велковски е нов предлог за кандидат за министер за труд и социјална политика. За нов дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација е предложен Стефан Андоновски, досегашен меѓународен секретар на партијата и советник во Советот на Град Скопје. Цветан Трипуновски за дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи за дивоградбите на Меџити и Ганиу, прашува СДСМ

СДСМ прашува зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи за дивоградбите на Меџити и Ганиу?
„ВМРО-ДПМНЕ со денови молчи за скандалите кои се објавуваат за нивните колаициски партнери Ганиу и Меџити. Зошто Владата досега не го ангажирала државниот градежен инсекторат да интервенира и да санкционира, ако е виситина дека има преку 150 дивоградби во Општина Чаир. Дали Владата предовдена од ДПМНЕ сака повторно да се случи некоја трагедија во нелегелизирани и опасни ообјекти за да реагира или по секоја цена ќе го штити коалицискиот партнер?“, прашува СДСМ.
Партијата бара итно да излезат сите надлежни државни институции и да ги проверат наводите на градоналаникчката Арсовска која, како што велат, е кадар на ВМРО-ДПМНЕ, и да се постапи без исклучок по однос на сите нелегални објекти.
„Додека Тошковски и Мицкоски имаат полна уста неселективност, молчат пред очигледен криминал кој го прави Ганиу во Чаир. Дали и тие се дел од шемата и заради тоа го штитат криминалот?“, прашуваат од СДСМ.
Македонија
(Видео) Спасовски до Кочовска: Дали има одлука за исплата на средства за семејствата на загинатите и повредените во Кочани

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, кое се однесуваше на одлуката да изврши исплати на средства од Буџетот на државата на семејствата на починатите и повредените во трагедијата во Кочани и ако има таква одлука, колку средства се исплатени на семејствата на загинатите и повредените.
Тој реагираше во однос на присуството на членовите на Владата.
„Имаме обврска денес, односно тие имаат обврска да бидат присутни на седницата. Имаме известување само од двајца министри дека не можат да присуствуваат и дека ќе бидат нивните заменици. Меѓутоа, гледаме и повеќе министри коишто не се присутни, ниту има заменици, за да можеме да ги поставиме пратеничките прашања“, кажа Спасовски.
Околу прашањето за Кочани Спасовски посочи дека граѓаните покажаа сериозна солидарност.
„Беа отворени сметки на кои се уплаќаа финансиски средства од граѓаните како помош за настраданите. Тие финансиски средства, пред сè, беа на сметките кои ги имаше отворено Црвениот крст на Република Северна Македонија. Според последното соопштение, стои дека за настраданите од пожарот во Кочани се собрани досега 156.542.967 денари, и тоа заклучно со 23.05.2025 година. Во неколку наврати, Црвениот крст има извршено исплата на погодените семејства од пожарот во Кочани. Со овие средства досега е обезбедена финансиска поддршка на семејства на починати лица во вкупен износ од 52.038.593 денари, од кои: за настраданите лица кои се на лекување во странство- 44.163.258 денари; за оние кои се лекуваат во земјава: 11.247.250 денари.
Вкупно досега исплатени: 107.449.101 денари.
Преостанати средства: 46.593.866 денари – на сметката на Црвениот крст.
Притоа, во соопштението се укажува дека сега ќе се направат консултации со надлежното министерство за да се утврди, зависно од степенот на повредите, колку финансиски средства и на кои лица и семејства ќе им бидат исплатени“, нагласи пратеникот на СДСМ.
Упати прашање до министерката за финансии: „Дали досега е донесена одлука да се извршени исплати на средства од Буџетот на државата на семејствата на починатите или на повредените, и ако има таква одлука, колку средства се исплатени за оваа намена“, праша Спасовски.
Македонија
Службеници во болница во Прилеп проневериле над 2,2 милиони денари – парите од партиципација си ги ставале в џеб

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против И. М. и С.Ч. во својство на службени лица при ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ Прилеп поради постоење на основано сомнение дека го сториле кривичното дело проневера во службата.
„Првопријавениот, во периодот од 01.08.2024 до 30.04.2025 година и второпријавениот, во периодот од 01.08.2024 до 30.04.2025 година, во својство на службени лица при ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ Прилеп со цел да прибават за себе противправна имотна корист, во повеќе наврати присвоиле парични средства од благајната, наплатени од пациентите по основ на партиципација и приватни здравствени услуги, за 2024 година износ од 1.508.452 денари, за 2025 година износ од 760.865 денари, односно, во вкупен износ од 2.269.317 денари“, соопшти Финансиската полиција.
Првопријавениот противправно присвоил износ од 1.991.240 денари, а второпријавениот противправно присвоил износ од 278.077 денари, со што пријавените го оштетиле Буџетот на ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ за истиот износ.
По насоки на Основно јавно обвинителство Прилеп во текот на утринските часови од страна на службени лица на Управата за финансиска полиција едно од лицата е обезбедено и е изведено пред јавен обвинител за понатамошно постапување.