Црна хроника
Приведен криминалец баран со потерница за затворска казна од шест и пол години, пронајдена и дрога
На улицата Јуриј Гагарин во Скопје, полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје, во содејство со Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Д. Т. (34) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од шест години и шест месеци за сторено кривично дело разбојништво по член 237 од Кривичниот законик.
Исто така, Основниот кривичен суд Скопје има издадено уште две наредби за негово приведување поради сомнение за сторени уште неколку кривични дела разбојништво и недозволено држење оружје и распрскувачки материи по член 396 од Кривичниот законик за кои му била определена и мерка притвор.
При лишувањето кај него биле пронајдени и одземени пиштол, бела прашеста материја, дигитална вага и пари. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

