Македонија
Џиковски: Приоритет на идната влада ќе биде ажурирање на позитивната листа на лекови, да се стават нови лекови кои ќе го подобрат здравјето на граѓаните
Еден од хроничните проблеми со кои се соочуваат граѓаните, најчесто е недостапноста на бесплатни лекови или лекови кои би ги добиле на субвенционира цена, рече доктор Игорче Џиковски, член на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на денешната дебата Здравствена платформа за иднина на тема Концепт за здравство што се одржува во Штип.
Според доктор Џиковски со современа позитивна листа на лекови се оди и кон намалување на трошоците за лекување на пациентите.
„Сега се повеќе граѓани не можат да добијат соодветна здравствена заштита, а со тоа и достапност до лекови. Оттука се што не се сѐ лекува навремено води кон поголеми последици кај пациенти, што пак води до зголемување на трошоците за лекување“, рече доктор Џиковски.
Џиковски укажа дека освен што имало поголеми трошоци секојдневни ветувања за европско здравство, во пракса ништо не е направено.
„На пример за лековите, односно позитивната листа има само формирање на комисија за позитивна листа и ништо друго. Приоритет пак на идната влада ќе биде ажурирање и ревидирање на позитивната листа, да се стават и нови лекови кои ќе го подобрат здравјето на граѓаните. Притоа, тоа треба да се прави почесто следејќи ги новините, производство на нови генирики и слично“, заклучи Џиковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Зелениково и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, дел од корисниците од улиците Самоилова и Јоаким Крчовски, како и објектот на Музејот на Современа Уметност, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од селата Зелениково, Ново Село, Страхојадица и Смесница, општина Зелениково;
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците лоцирани околу ул. Австралиска бр. 5 во населба Даме Груев, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд
Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Утре во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на денот насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониска утринска температура.
Македонија
Ѓорѓиевски отпушти 500 вработени
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека се отпуштени 500 вработени од претпријатијата на Скопје затоа што се месеци, дури и години, не оделе на работа.
„500 лица до денес, се отстранети од работа од претпријатијата во градот Скопје. Тоа се лица кои се платени од парите на скопјани, но не оделе на работа со месеци, дури и години“, објави Ѓорѓиевски.
Тој најави дека секој кој чесно си ја работи работата, ќе биде награден, а оној што не работи ќе биде казнет.
„Тука, нема да има толеранција, а ќе има и одговорност! Секој оној што чесно си ја работи својата работа ќе биде награден, а оној што не работи – ќе биде санкциониран. Ред во Скопје, мора да има! Она што е платено со парите на граѓаните јас мора да го заштитам“, напиша Ѓорѓиевски на „Фејсбук“.

