Македонија
Јанушев и Божиновска нови членови на ИК, излезот е промена на власта, велат од ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ во текот на вчерашниот ден одржа редовна седница на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ. На седницата се разговараше за актуелната општествена, политичка и економска состојба во која се наоѓа државата.
„Неизбежен е впечатокот дека народот ја губи државата и системот не функционира. Хаосот и безредието е стимулирано со растечкиот криминал и отсуството на правда ги нагризува темелите на државата. Именувањето на Талат Џафери е круната на неспособноста и владеењето на беззаконието во државата. Тоа е скапата цена платена од СДС која на тој начин ја одржува власта. СДС стана малцински партнер со само 5 министри во владата со над 20 министерства“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, излезот е промена на власта, а одговорот е изборите кои ќе се одржат за помалку од 3 месеци.
„Воедно, Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ за нови членови на Извршниот Комитет ги именуваше Сања Божиновска и Игор Јанушев. Сања Божиновска е експерт во енергетиката, која работи во Прага, има работно искуство во најголемите компании од пазарот на енергетиката и економските системи. Игор Јанушев е поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник во Собранието. Тој е дипломиран правник“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ .
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: МВР итно да постапи, запален е автомобилот на претседателот на Општинската организација Кривогаштани
СДСМ објави дека најостро го осудува вандалскиот чин и палењето на возилото на претседателот на Општинската организација Кривогаштани, Антонио Симоноски.
Партијата бара од МВР и сите останати надлежни институции веднаш да постапат, да ги пронајдат сторителите и да ги изнесат пред лицето на правдата.
„Надлежните органи мора да утврдат и дали овој напад е политички мотивиран, особено што Симоновски немал никакви недоразбирања со било кого. Очигледно неспособноста на МВР и партизацијата којашто се случува во институциите, ги охрабрува насилниците“, велат од СДСМ.
Потсетуваат дека во изминатиот период имало серија на инциденти со запалени возила дури и на полицајци.
Македонија
Претпладне променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали
Времето денеска, претпладне променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег. Попладне облачноста ќе се намали. Уште од ноќта ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 70 km/h) и засилен ветер особено долж Повардарието ќе има до крајот на денот. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 2 до 11 степени.
Во Скопје претпладне променливо облачно, од пладне сончево. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Утре во претпладневните часови времето ќе биде променливо облачно со повремен снег претежно во западните делови. Уште од преку ноќта ќе дува умерен, а особено долж Повардарието засилен северен ветер (над 70 km/h).
Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и тивко со ниски утрински температури и со услови за појава на магла по котлините.
Македонија
(Видео) Прокисна инвестицијата од 350 милиони евра, со кофи се собира дождовница во трговскиот центар„Дајмонд“
Со кофи вечерва се собираше вода дождовница на последниот кат од трговскиот центар „Дајмонд“„
Центарот чија проектна вредност како што беше најавено при неговото отворање достигнува 350 милиони евра и нуди вработувања за над илјада лица од разни сектори попушти по вечерашниот дожд кој во попладневните часови го зафати главниот град.
Одговорните своевремено преку него најавија инвестиција од која ќе живне економијата и ќе се отворат нови работни места.