Европа
„Руските варвари напаѓаат цивили во Украина“, убиени двајца француски доброволци
Двајца француски хуманитарни доброволци беа убиени, а уште тројца ранети во регионот Херсон во Украина на 1 февруари. Ова пред три дена го потврди францускиот министер за надворешни работи, Стефан Сежурн.
„Руски варвари напаѓаат цивили во Украина. Двајца француски хуманитарци платија со живот за помошта на Украина, а уште тројца се повредени“, напиша Сежурн на социјалните мрежи.
Поради смртта на своите граѓани, Франција ќе го покани рускиот амбасадор на разговор, пишува „Индипендент“.
Францускиот претседател Емануел Макрон ги нарече убиствата „кукавички и срамен чин“ и ја изрази својата поддршка за сите доброволци што им помагаат на другите земји. Билатералните односи меѓу Франција и Русија се влошија во последните неколку недели бидејќи Париз ја зголеми својата поддршка за Украина и вети дека ќе испрати повеќе ракети со долг дострел во Украина.
На крајот на јануари Русија официјално ги осуди „француските платеници“, кои дејствуваат на територијата на Украина. Путин рече дека проектилот, кој го собори рускиот авион со воени заробеници, можел да биде истрелан од француски систем за воздушна одбрана. Франција ја обвинува Русија за ширење дезинформации.
Францускиот претседател се очекува да ја посети Украина кон крајот на овој месец. Француското Министерство за надворешни работи предупреди дека очекува повеќе дезинформации за време на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Европа
Напаѓачот на Фицо доби мерка притвор за да не побегне и да не го повтори делото
Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај годинава во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.
Притворот за осомничениот е побаран поради опасност да не избега или да го повтори делото.
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска призна вина.
Адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно, бидејќи Цинтула веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.
Европа
Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна.
Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело. Напаѓачот беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен.
Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.
Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.