Европа
Каде се борат моќните британски тенкови во Украина: „Тие се огромни и гласни“
Ако се прашувате зошто нема многу докази дека украинските тенкови „Челинџер 2“, од британско производство, учествуваат во големи борби, неодамнешното интервју со еден екипаж на тенк може да даде одредени одговори. Тие велат дека од нивните тенкови, скриени под покривката на дрвјата на територијата под украинска контрола, отвораат оган на руска територија на оддалеченост од три километри, а беспилотните летала ги насочуваат нападите. Очигледно, тие често го прават тоа – ноќе.
Целите се руски утврдени позиции, но „сè уште не возила“, вели еден член на екипажот.
Тенковите „Челинџер 2“, од кои 14 се во 82. бригада на Украина, ја поддржуваат пешадијата. Ова е спротивно од вообичаената доктрина, каде што пешадијата поддржува тенкови. Во оваа смисла „Челинџерите“ функционираат повеќе како подвижни оружја отколку како вистински тенкови – брзите напади се малку.
Екипажот во интервјуто објаснува зошто.
„Движењето на теренот е тешко“, вели еден од нив. „За нашата почва, овој тенк (кој тежи 71 тон) е тежок“, известува „Форбс“.
Таа наша почва е земјоделскиот регион Запорожје на југот на земјата, каде што 82. бригада се приклучи на украинската контраофанзива минатото лето за да ги консолидира новите позиции создадени од украинското напредување околу градот Роботин, 15-ина километри јужно од поранешниот линија на фронтот.
Русите уништија „Челинџер“, се случи голема експлозија.
Еден „Челинџер“ беше погоден од руска противтенковска ракета додека се движеше околу Роботин среде бел ден кон крајот на август или почетокот на септември. Додека екипажот бегаше, магацинот за муниција на тенкот наводно се запалил предизвикувајќи експлозија, која го уништила тенкот.
Тоа е единствената потврдена загуба на „Челинџер“ во украинската служба. Други, наводно, сè уште се активни поддржувајќи ја украинската пешадија, која се обидува да го прошири радиусот околу Роботин и да го брани градот од руски контранапади.
Можеби звучи досадно пукањето од дрвја кон руските утврдувања оддалечени три километри, но не е. Постојано се загрозени од руски ракети, беспилотни летала и артилерија. И покрај тоа, екипажот на тенковите на 82. бригада велат дека се навикнале, иако не се опуштиле. „Првата мисија е секогаш најстрашната“, вели еден. „И, потоа,… луѓето може да се навикнат на сѐ“.
Нејасно е дали истото тоа го мислат и Русите, на кои цел им се тенковите „Челинџер“. Овие британски тенкови се најтешките од целата војна и изгледаат импозантно дури и на долги растојанија. „Ги слушнавме нивните радиокомуникации, кои ги пресретнавме“, вели еден од членовите на екипажот.
„Забележано е движење на возилата“, наводно рекол еден руски набљудувач. „Какво возило?, праша друг. „Не знам“, одговори првиот. „Огромно е и гласно!“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Европа
Напаѓачот на Фицо доби мерка притвор за да не побегне и да не го повтори делото
Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај годинава во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.
Притворот за осомничениот е побаран поради опасност да не избега или да го повтори делото.
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска призна вина.
Адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно, бидејќи Цинтула веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.
Европа
Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна.
Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело. Напаѓачот беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен.
Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.
Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.