Црна хроника
Три лица повредени во собраќајна несреќа во Струмица
Вчера во 21.58 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека околу 21.40 часот на локалниот пат Струмица – село Просениково се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Т.(32) од село Доброшинци, струмичко и патничко возило „мерцедес“ со бугарски национални ознаки, управувано од С.Т.(39) од село Градско Балдовци, струмичко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и Т.Н.(47) од село Пиперево, струмичко, сопатникот во патничкото возило „ауди“, а со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „мерцедес“, констатирани во Медицински центар Струмица.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
„Сузуки“ излета од пат, четворица се повредени
Во ОВР Виница вчера во 20:15 часот било пријавено дека на регионален пат Виница – Кочани, патничко возило „сузуки“ со винички регистарски ознаки, управувано од Т.С.(34) од с.Иљово, делчевско, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците Г.Ц.(46) и В.Ц.(51), двајцата од Виница, додека со телесни повреди се здобиле возачот Т.С. и сопатникот М.С.(53) од Виница, констатирани во болницата во Кочани.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Виница.
Топ
Удрил во 73-годишен велосипедист, го оставил тешко повреден и побегнал
Вчера околу 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Македонско косовска бригада“ во Скопје, патничко возило удрило во велосипед, управуван од В.Б.(73) од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото.
По несреќата, велосипедистот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.
Топ
Се запали фурна во неготинското село Криволак, нема повредени лица
Во ОВР – Неготино рано изутрина, во еден часот, пријавено било дека во неготинското село Криволак, настанал пожар во објект што се користел како фурна, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
Пожарот во објектот, сопственост на М.И. од селото Криволак, изгаснат бил од екипа на Територијалната противпожарна единица – Неготино.
Нема повредени лица, увид извршила увидна екипа од ОВР – Неготино.