Црна хроника
Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведени две лица
Вчера во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишиле од слобода М.И.(46) од Битола. При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана спакувана за продажба и пари во различни апоени.
На ул.„Дебарска” во Битола, полициски службеници го лишиле од слобода и Е.А.(33) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, која ја купил од М.И..
Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Пожар избувна во угостителски објект во центарот на Охрид
Пожар поладнево избувна во угостителски објект во центарот на Охрид, на Градски плоштад, а повредени лица нема.
Пламенот избувна во оџакот на објектот, а во гаснењето помогнаа врабоtop temaтените од околните објекти. На лице место пристигна и екипа на Територијалната противпожарна единица и веќе пламенот е изгаснат и избегната е поголема материјална штета
Топ
Улични кучиња искасаа граѓани во Аеродром и Карпош
Полицискиот билтен и денес бележи случаи на граѓани каснати од улични кучиња. Вчера во 18.00 часот во полициската станица Аеродром, В.Т.(57) од Скопје пријавила дека на ул„12 Македонска бригада“ во Скопје била касната од куче скитник.
Во полициската станица Карпош, вчера во 13:30 часот С.П.(71) од Скопје пријавил дека на ул.„Хасан Приштина“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Топ
Едниот продавал, другиот купувал марихуана, двајцата добија кривични пријави
СВР Битола поднесе кривична пријава против А.С.(25) и А.А.(20), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 23 април 2024 на ул.„Дабничка“ во Прилеп, полициски службеници кај второпријавениот пронашле и одзеле марихуана која ја купил од првопријавениот.