Македонија
Костовски: Од ДПМНЕ не гласаа за своите министри и немаа став, а денеска ги бранат министрите на Таравари

Треба да објасни ДПМНЕ на своите министри, на своето членство зошто не бекна ниту збор за нивниот избор на нивните министри, а сега како лавови се борат и ги бранат министрите на Таравари, рече пратеникот на СДСМ и координатор на пратеничката група, Мартин Костовски, во македонското Собрание.
-Пратениците на ДПМНЕ немаат став за своите министри но ги бранат министрите на Таравари. Кога требаше да гласаат за своите министри не гласаа. Може да констатираме дека ДПМНЕ нема став и нема кредибилитет воопшто да зборува за оваа тема, рече Костовски.
До оваа ситуација со разрешувањето доаѓаме откако дел од мнистритите кои се од Алијанса се изјаснија дека сакаат да одат во опозиција. Влегувањето на Алијанса во Владата беше врз база на политички договор и приницпи, взаемна согласност за реализација на владината програма. Со одвојувањето на дел од оваа партијата нормално е да продолжиме да соработуваме со оние кои сакаат да ја поддржат и да останат во Владата. Сметаме дека е крајно несоодветно, политички некоректно и нечесно кон граѓаните доколку некој смета дека треба да биде опозицијата а да биде дел од оваа влада, додаде Костовски.
Ниту сакаме ниту имаме намера да се мешаме во внатрешните работи на Алијанса. Нашиот капацитет е насочен кон тоа да ја исполниме владината програма, потенцираше Костовски.
-Поделбите внатре во Алијанса ги сметаме дека се внатрешно прашање на оваа партија, за кое очекуваме разврски во самата партија преку одлуки на нивните телата и органи. Долгорочно изборот пред партиите е дали ќе бидат со проевропскиот, прозападниот блок или со антиевропскиот, односно опозицискиот блок на исток. Ве поканувам на 9 ти мај да ја прославиме победата на европскиот фронт, рече пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски денеска во македонското Собрание.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Андоновски: Бесплатни WI-FI зони за граѓаните во повеќе од 60 општини низ Македонија

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денес во посета на Ѓорче Петров, заедно со градоначалникот на општината, Александар Стојковски го најави проектот за нови бесплатни WI-FI зони низ државата, со што се става акцент на граѓаните, со тоа што ќе можат да користат бесплатен интернет во овие зони, а првата ваква зона ќе биде токму паркот во Ѓорче Петров.
„Поставуваме бесплатни WI-FI зони за граѓаните, Ѓорче Петров е една од првите општини каде што ова ќе се реализира, со проект поддршка од ЕУ, преку планот за Западен Балкан, односно WI-FI за Западен Балкан. Освен во Ѓорче Петров, имаме апликации во повеќе од 60 општини низ државата“, најави Андоновски.
Овој проект кој е во соработка со ЕУ во интерес на државите од Западен Балкан, како што беше појаснето е од големо значење и поддршка на сите држави кои партиципираат, затоа што ќе се зголеми пристапноста до интернет и ке се подигне дигиталната писменост.
Андоновски најави исто така дека во Скопје ќе има десетина вакви зони, кои како што рече тој, младите ќе бидат најголеми корисници на овој проект.
„Во Скопје ќе имаме повеќе од 10 локации каде што ќе бидат поставени овие WI-FI зони, каде граѓаните, особено младите ќе имаат пристап до бесплатен интернет овозможен од овој проект во соработка со ЕУ”, рече Андоновски.
Градоначалникот Стојковски изрази задоволство од досегашната соработка со Министерството за дигитална трансформација и најави целосно дигитализирање на општинските услуги, бидејќи како што рече дигитализацијата нуди подобри и поефикасни услуги за граѓаните.
Македонија
Злоупотребен профилот на основно училиште во општина Аеродром за политичка кампања, МОН и ДИК да реагираат, бара СДСМ

СДСМ Аеродром реагира на, како што велат, скандалозниот чин во кој основното училиште „Браќа Миладиновци” споделило видео-спот од политичка кампања за локалните избори.
„Ова претставува директно прекршување на законите, принципите на непристрасност и професионалност, и претставува срамно партизирање на јавните институции.
Училиштата се место за образование, воспитување и градење на вредности, а не алатка за партиска промоција.
Злоупотребата на училишните профили и, уште полошо, можната злоупотреба на деца во политичка кампања е крајно недозволива и опасна“.
Бараат итна реакција од Министерството за образование и наука и од Државната изборна комисија.
СДСМ Аеродром, нагласуваат од оваа партија, ќе поднесе соодветна пријава до надлежните институции за да се утврди одговорноста и да се санкционира овој обид за партизирање на образовниот систем.
„Јавните институции се на граѓаните, не на партиите. Ќе се спротивставиме на секој обид децата и училиштата да се користат како средство за политичка пропаганда“.
Македонија
Меџити до Османи: Биди маж и избери време и место за телевизиска дебата и земи ги со себе Груевски и Мијалков

Кандидатот на владејачката коалиција „Вреди“ за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, му одговори на неговиот противкандидат од редовите на НАИ, Бујар Османи, по изјавата дека на дебата, Меџити треба да го земе со себе премиерот Христијан Мицкоски.
Меџити возврати: „Денес слушнав нешто ново, дека сум рекол да дојде на дебата со Али, со Артан и со неговите ПР агенции, за да ги соочиме аргументите, политиките и визиите за Чаир. Тој, пак, ми одговорил дека треба да го земам со себе Мицкоски. Јас Мицкоски ќе го земам како премиер, но тогаш добро би било тој, покрај Али и Артан, со себе да ги земе и Никола Груевски и Сашо Мијалков, и тука да ја затвориме оваа дебата. Нека биде маж и нека закаже термин, нека избере национална телевизија, и од денес му порачувам дека таму ќе ме најде“.