Македонија
Мицевски: Разрешувањето на министрите е политичко барање на ДУИ организирано и спроведено од Груби
На денешната седница во Собранието се обрати координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски кој што истакна дека разрешувањето на министрите е политичко барање на ДУИ организирано и спроведено од Артан Груби и страв на ДУИ дека опозициониот блок во албанскиот дел се окрупнува како и поради стравот од албанскиот граѓанин кој што сака да го казни ДУИ на изборите.
„Почитувани пратеници на вас ви се обраќам кои што излеговте од сала затоа што не сакате да слушате и да гледате бламажите кои што се случуваат. Пред десет дена аплаудиравте сите вие до еден тука на овие министри и на експозето на техничкиот премиер. За денес повторно да сте тука и да барате разрешување на одредени министри, најмалку ми е важно да ги бранам министрите кои што ги разрешувате бидејќи и тие имаат удел за она што се случува. Проблемот е што ние година дена после 27 февруари и изборот на владата кога Алијанса влезе во оваа влада немаме никакво поместување на државата нанапред“, нагласи Мицевски.
Мицевски посочи дека разрешувањето на министрите во суштина е страв на ДУИ дека опозициониот блок во албанскиот дел се окрупнува, и стравот од албанскиот граѓанин кој што сака да го казни ДУИ на изборите.
„Разрешуваме двајца министри за здравство и за информатичко општество. Од едниот министер слушнавме дека имал огромни опструкции од власта во која што акламација и аплаузи ги внесовте луѓето и ветувавте на граѓаните дека ќе се сменат некои работи. Надежта која што ја имаа албанските опозиционери и луѓе кои што својот глас го дадоа за албанската опозиција за промена на ДУИ им ја зедовте со помош како што слушавме на министрите од ДУИ кои што ги кочеле проектите. Талат Џафери испрати едно скудно барање за разрешување на министрите Фатмир Меџити и Азир Алиу. Очекував да видам што ќе напише во образложението тоа не го добивме денес. Парадоксално како што тоа може ДУИ да го направи а СДСМ слепо да го слуша се наоѓаме на седница која што Талат Џафери ни кажа дека не се однесува на професионалниот аспект и подготвеноста за работа туку основа за разрешување била законската должност односно Пржинската влада, итн. Суштината е стравот на ДУИ дека опозициониот блок во албанскиот дел се окрупнува, стравот од албанскиот граѓанин кој што сака да го казни ДУИ. Непринципиелната политика владина која што ја направивте минатата година завршува непринципиелно и неславно. Лицемерието на оваа власт денес достигна нови димензии и размери. Се изнагледавме политички гимнастики и менување на табори на дневна основа. Секогаш кога владата и мнозинството се на стаклени нозе секогаш настапува ДУИ кои преку своите политики на уцени поткуп корупција притисок и политичка одмазда ја ставаат државата во подредена улога. Што е ова ако не е политичко барање на ДУИ за разрешување на министри организирано и спроведено од Артан Груби“, истакна Мицевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Две недели без одговор како 5 тони дрога поминале преку граница, бараме одговорност од Мицкоски
СДСМ обвинува дека и по 14 дена нема одговор од институциите за, како што велат, „најголемиот нарко-скандал во регионот“, поврзан со транспорт на пет тони дрога преку државната граница.
Од партијата посочуваат дека молчат премиерот Христијан Мицкоски, како и повеќе функционери, оценувајќи дека тоа отвора сомнежи за одговорност на власта.
„Овој гласен молк е најсилна потврда дека скандалот води до врвот на Владата“, се наведува во соопштението.
СДСМ реагира и на изјавите дека биле запленети 100 тони марихуана, оценувајќи дека доколку постоело толкаво производство, тоа претставува сериозен пропуст на институциите.
Според нив, за такво количество би била потребна површина од над 30 хектари, поради што прашуваат дали биле извршени контроли од надлежните служби, вклучително и полицијата, инспекторатите и безбедносните агенции.
Партијата дополнително прашува како пет тони дрога биле транспортирани со товарни возила покрај системите за надзор, камерите и граничните контроли.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Нема скандал, ниту криминал, а во тоа да не се вмешани Заев и Филипче
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека постои поврзаност меѓу Венко Филипче и сопственикот на компанијата „ЦБД Медплант“, Тони Котев, во врска со случајот со запленета дрога.
Од партијата велат дека во јавноста се појавиле фотографии на кои двајцата се заедно, што, според нив, ги демантира изјавите на Филипче дека не ги познава лицата поврзани со фирмата.
„Откако со денови СДСМ се обидува да ја релативизира аферата со запленетата дрога, вистината излезе на виделина. Филипче тврдеше дека нема никаква врска со вистинскиот сопственик на фирмата, но фотографиите покажуваат поинаку“, се наведува во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ прашува зошто, како што велат, владејачката партија реагира на случајот со запленети над 30 тони дрога и дали постои поврзаност со поранешни функционери.
Од партијата повикуваат Јавното обвинителство да ја испита можната поврзаност на Филипче со случајот.
Македонија
Најмногу снег на Попова Шапка
Најстудено утрово е во Берово -4 степени, на Попова Шапка се измерени -2, додека во Крива Паланка, Претор, Битола, Струмица, Mаврови Анови се измерени 0 Целзиусови степени. Над нулата е во Тетово, Прилеп, Штип, Kрушево каде се измерени еден степен, Скопје-Петровец, Велес, Демир Капија, Виница по два, Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Кавадарци по 3 и Гевгелија пет Целзиусови степени, информира УХМР.
Најмногу снег има на Попова Шапка, каде висината на снежната покрива изнесува 62 сантиметри.
За изминатите 24 часа до 07 часот во најмногу врнежи имало во Охрид и Претор каде се измерени 2 l/m2.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во северозападните делови (локално над 25 l/m²). Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.

