Македонија
Владата на ДУИ и СДС, но, пред сè, Оливер Спасовски, е директно одговорна за хаосот со патните исправи, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Владата на ДУИ и СДС, но пред се Оливер Спасовски се директно одговорни за хаосот кој се создаде со издавањето на личните и патните исправи. Тие го погазија достоинството на граѓаните и државата ја доведоа во состојба да не може да ги исполни основните човекови права и слободи на своите граѓани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Поради несовесно работење во службата и злоупотреба на својата должност Оливер Спасовски дозволил да се издаваат патни исправи иако бил свесен дека тие ќе станат неважечки пред истекот на нивниот рок на важност. Ако на ова се додадат и официјалните изјави на владата на СДС дека патните и личните изјави на граѓаните ќе важат до истекот на нивната важност, тогаш доаѓаме до тоа дека СДС системски ги лажела и манипулирала граѓаните, за да ги доведе до оваа омаловажувачка позиција да бидат во „државен притвор“ заради нивната неспособност и неодговорност. Патем, Спасовски и власта на СДС не обезбедиле ниту соодветни услови, обрасци и услови за навремено печатење на доволен број документи, со што го ставиле народот во позиција да не може да извади документи и со тоа му предизвикуваат материјална и нематеријална штета“, дополнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, граѓаните се изложени на непотребни финансиски трошоци да вадат нови патни исправи при веќе постоечки и важечки.
„Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе пријава за Оливер Спасовски за несовесната работа и тужба со цел обештетување на граѓаните за финансиските импликации предизвикани од оваа власт на ДУИ и СДС. Оваа власт на СДС и ДУИ е најлошото што и се случило на Македонија. Никогаш не било полошо и затоа мораме да ги поразиме“, завршуваат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денес сончево време со температура до 24 степени
Времето денес ќе биде сончево со умерена облачност, а во западните делови променливо облачно со сончеви периоди.
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 24 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 22 степена.
Македонија
Ноќва почнува зимското сметање на времето
Ноќва почнува зимското сметање на времето.
Стрелките на часовникот во 3 часот по полноќ ќе се поместат еден час наназад.
Со тоа, времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот.
Македонија
Ѓоргиевски: Тим од експерти и градежна инспекција ќе стават крај на дивоградбите
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски изјави дека како градоначалник на Кисела Вода докажал дека може да се стави ред во урбанизмот, спречувајќи прекумерно градење.
Тој најави формирање експертски урбанистички тим кој ќе работи на растеретување на централното градско подрачје и насочување на развојот кон периферијата.
„Ќе формирам урбанистички тим од врвни експерти кој ќе помогне да се запре прекумерното градење во центарот“, рече Ѓорѓиевски.
Потсети дека како градоначалник на Кисела Вода бил првиот што спровел постапки и против индивидуални и против колективни објекти.
„Законот мора да важи еднакво за сите. Барам Град Скопје да има сопствена градежна инспекција или државата да го преземе тој дел, за да нема поделба на одговорност“, нагласи тој за „Трилинг“.
Ѓорѓиевски додаде дека дел од дивоградбите се објекти во кои живеат граѓани и истите мора да бидат безбедни. Според него, многу од овие објекти постојат веќе 15-20 години, но тоа не ја исклучува потребата за проверка на истите. Ѓорѓиевски додаде дека, кога станува збор за нови дивоградби, би бил уште поригорозен во санкционирањето.

