Свет
Сенаторите загрижени: изборниот штаб на Бајден користи „Tик-ток“

Претседателот на Комитетот за разузнавање на американскиот Сенат, Марк Ворнер, рече дека е загрижен поради одлуката на изборниот штаб на Џо Бајден да ја користи апликацијата „Тик-ток“, на што Белата куќа рече дека ништо не се променило во однос на загриженоста на владата за националната безбедност.
Ворнер рече дека е загрижен за импликациите за националната безбедност на кинескиот „Тик-ток“ и одлуката на персоналот на Бајден да се приклучи на социјалната мрежа, објави „Ројтерс“.
„Мислам дека треба да најдеме начин да ја следиме Индија, која го забрани „Tик-ток“, рече Ворнер.
Голем број републикански членови на Конгресот исто така ја критикуваа одлуката на персоналот на Бајден за „Tик-ток“ наведувајќи ја загриженоста за националната безбедност.
Белата куќа соопшти дека забраната за употреба на „Tик-ток“ на владините уреди, која беше одобрена од Конгресот на крајот на 2022 година, останува во сила.
Портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби, изјави дека од перспектива на Советот за национална безбедност „ништо не се променило во однос на загриженоста за националната безбедност во врска со употребата на ‘Tик-ток’ на владините уреди“, пренесува Радио Слободна Европа.
Комитетот за странски инвестиции во САД, кој го води Министерството за финансии, минатиот март побара од кинеските сопственици на „Tик-ток“ да ги продадат своите акции или ќе се соочат со можноста апликацијата да биде забранета, но администрацијата оттогаш не презеде ништо.
Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, рече дека Белата куќа претходно ја усвоила легислативата предложена од Ворнер и други за да ѝ се дадат на администрацијата нови алатки за справување со заканите од апликациите во странска сопственост.
Минатиот месец од „Tик-ток“ изјавија дека 170 милиони Американци сега ја користат нејзината апликација за кратки видеа.
Персоналот на Бајден соопшти дека презема дополнителни мерки на претпазливост за уредот и користи софистициран безбедносен протокол за да се обезбеди безбедност бидејќи работи на привлекување голем број млади гласачи што ја користат апликацијата „Tик-ток“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.