Европа
Шефот на дипломатијата на Германија до Израел: Откажете се од офанзивата во Рафа

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ја повика израелската влада да се откаже од копнената офанзива врз градот Рафа и, наместо тоа, да се согласи на прекин на огнот со оглед на влошената хуманитарна ситуација за Палестинците во Газа.
„Во Рафа 1,3 милион луѓе живеат во многу тесен простор под најстрашни услови“, рече министерката во средата пред почетокот на нејзината дводневна посета на Израел.
„Под овие услови офанзивата на израелската армија врз Рафа целосно ќе ја загрози хуманитарната ситуација“, рече Баербок.
Таа нагласи дека луѓето во Рафа „не може само да исчезнат во воздух“ и дека им требаат безбедни места и безбедни коридори за да не бидат фатени во вкрстен оган уште повеќе.
„Им треба повеќе хуманитарна помош. И им треба прекин на огнот“, рече Баербок додавајќи дека „Газа е на работ на колапс“ и дека многу луѓе ги следеле израелските наредби за евакуација и избегале од борбените зони во северна Газа „често само со деца во рацете и облеката на себе“.
Копнената офанзива што ја најави израелската армија против Хамас во Рафа во јужниот дел на Газа наиде на остри критики од меѓународната заедница.
Баербок пристигна во Израел во средата на нејзиното петто патување во Израел по терористичкиот напад на 7 октомври предводен од палестинското исламистичко движење Хамас, во кој загинаа повеќе од 1.200 луѓе.
Во масовните воздушни напади и копнената инвазија што следуваше Израел уби 28.576 Палестинци во Газа и рани 68.291, објави во средата Министерството за здравство на Газа.
Според податоците на ОН, околу 85 отсто од жителите на Газа се внатрешно раселени во густо населениот крајбрежен појас од почетокот на израелската инвазија.
Предвидено е Баербок да се сретне со својот колега, шефот на дипломатијата на Израел, и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Предвидена е средба и со лидерот на опозицијата, Јаир Лапид. В четврток е закажана средба со претседателот Исак Херцог.
Портпаролот на германското Министерство за надворешни работи рече дека разговорите во Израел ќе се фокусираат на политичкиот пат кон нов хуманитарен прекин на огнот во Газа.
Тоа треба да создаде можност да се ослободат дополнителни заложници и да се преговара за одржлив прекин на огнот, рече портпаролот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Зеленски пристигна на средбата со британскиот премиер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на Даунинг стрит, каде што беше пречекан од британскиот премиер Кир Стармер, објави Скај њуз.
Даунинг стрит не даде многу детали за темите на нивните разговори, но средбата се случува само еден ден пред американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска за да разговараат за прекин на огнот во Украина.
BREAKING: Volodymyr Zelenskyy arrives at Downing Street and is greeted by Sir Keir Starmer.
The meeting comes just a day before Donald Trump meets Vladimir Putin in Alaska to discuss a ceasefire in Ukraine.https://t.co/rrfAtUSjPC
📺 Sky 501 and YouTube pic.twitter.com/tk9jzCellw
— Sky News (@SkyNews) August 14, 2025
Двајцата мажи се прегрнаа и се ракуваа, игнорирајќи ги прашањата од новинарите, пред да влезат внатре, објави Скај њуз.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Балон на топол воздух се урна во Холандија: еден загинат, петмина повредени

Едно лице загина, а петмина се повредени откако балон на топол воздух се урна на ливада во северната холандска покраина Фрисланд доцна синоќа, соопштија локалните власти. Балонот превезувал 34 патници
„Балонот на топол воздух одеднаш падна околу 21 часот и силно удри во земјата“, соопштија властите на Фрисланд, додавајќи дека полицијата започнала истрага за несреќата.
Портпаролот на Кралското холандско воздухопловно здружение изјави за локалните медиуми дека ненадеен налет на ветер предизвикал балонот силно да удри во земјата, предизвикувајќи корпата да отскокне, исфрлајќи пет лица од него.
Европа
(Видео) Силна експлозија во центарот на руски град, има повредени

Снимки од експлозиите во Ростов на Дон, град во јужна Русија, денес се шират на социјалните мрежи.
— 🪖MilitaryNewsUA🇺🇦 (@front_ukrainian) August 14, 2025
Според првичните извештаи, дел од покривот на станбена зграда наводно бил погоден од дрон, а експлозијата оштетила неколку балкони на горните катови.
❗️A powerful explosion was heard in the center of 🇷🇺Rostov pic.twitter.com/UAmLPjhCpC
— 🪖MilitaryNewsUA🇺🇦 (@front_ukrainian) August 14, 2025
Локалните медиуми објавија дека пет лица се повредени – тројца жители на зградата и двајца минувачи. Во градот на сила е тревога за воздушен напад.
фото: принтскрин