Македонија
Бојмацалиев во увид на почнатата реконструкција на управните служби во МРТВ: Ги подобруваме условите за поквалитетна работа и услуга

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, заедно со државната секретарка, Магдалена Несторовска, ги посети управните служби на МВР, кои се наоѓаат во зградата на Македонска телевизија, со цел увид во текот на реконструкцијата на просториите на службите, како и во процесот на замена на личните документи на граѓаните.
„Градежните работи почнаа на 11.12.2023 година, и беа поделени на неколку фази со оглед на ситуацијата со обновувањето на личната документација на граѓаните, каде што во прва фаза беа опфатени два ката кои ги користи Министерството и тоа 5тиот кат и 9тиот кат. Во оваа фаза на овие два ката се работеа подополагачки работи, изолатерски работи, замена на плафон и молерофарбарски работи. Вкупната предвидена вредност на овие работи изнесува 10.017.251,17 денари без ДДВ и 11.820.356,38 денари со ДДВ”, рече Бојмацалиев. Притоа, тој појасни за втората фаза од реконструкцијата.
„Како втора фаза е планирано и во тек е отпочнување со работа во приземјето на зградата на МТВ каде што е и најголемиот зафат за адаптација на објектот. Во оваа фаза се прави комплетна промена на ликот на управните служби каде најголем корисник се граѓаните. Овде се опфаќа целосна архитектура на приземјето, со комплетна промена на сите фази како што се, електрика, термотехника, термотехника со сплит системи, термотехника VRF и хидротехника. Вкупната предвидена вредност на целата фаза изнесува 75.193.982,93денари без ДДВ и 88.728.899,86денари со ДДВ”, информира Бојмацалиев појаснувајќи ја и третата фаза.
„Како последна трета фаза, каде што во моментов имаме најголема фреквенција е во делот на издавањето на лични документи. Во оваа фаза се работи на подополагачки работи, гипскартонски работи, изолатерски работи, промена на плафони, молерофарбарски работи и столарија со вкупно предвидена вредност од 3.731.917,66 денари без ДДВ и 4.403.662,83 денари со ДДВ. Целокупната вредност на рамковната спогодба изнесува 88.943.151,75 денари без ДДВ или 104.952.919,07 денари со ДДВ“, истакна Бојмацалиев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Врнежи од снег и паднати дрвја на патот Никфорово-Леуново-Бунец, сообраќајот во прекин

На регионалниот пат Никфорово-Леуново-Бунец од 23:20 часот, сообраќајот е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрва на коловоз, извести АМСМ.
Се интервенира за негово расчистување.
Во текот на денот и вечерва вработените од Ј.У.Н.П. „Маврово# со сопствена механизација, се вклучија во активностите за расчистување на паднатите дрва кои го отежнуваат движењето на автомобили по регионалниот пат Маврово – Дебар и околу Мавровското езеро.
Македонија
Петрушевски: Венко Филипче ти имаш фирми во Бугарија, на адреса со Заев каде се свртеа 9 милиони од јагленот од РЕК

„Вечерва Венко Филипче, пред 30-тина луѓе во мала сала во Кисела Вода, потрошил голем дел од својот говор за да ме навредува. Редно е да одговорам“, напиша на социјалните мрежи Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко, најмалку ти имаш право кој било да го обвинуваш за „лажење“ и „бугаризација“. Јас немам бугарски пасош, немам фирми во Бугарија и немам тајни зделки зад грбот на народот. Ајде еднаш биди искрен и признај дека токму ти си синоним за милионски шеми со фирми во Петрич, заедно со браќата!
Не мора на мене, туку на јавноста дај и одговори: Каде завршија 9 милиони евра од јагленот за РЕК Битола? Зошто на иста адреса во Петрич се појавуваат фирми на твоето семејство и на Вице Заев? Дали тие пари завршуваа во ваши фотоволтаични централи, додека народот го оставивте да плаќа скапа струја? Дали преку бугарски фирми финансирате бизниси по светот, додека Македонија ја потонавте во сиромаштија?
Ова се вистинските прашања, Венко.
Не лажи дека јас или Христијан Мицкоски имаме такви врски. Ние немаме ниту бугарски пасоши, ниту скриени фирми. Ние имаме чесна и чиста биографија.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се јасно определени за Македонија во ЕУ, но како достоинствена држава, без понижувања и без тргување со националните интереси.
Доста е од лицемерието Венко! На народот му е јасно дека додека си трупавте милиони преку Бугарија, граѓаните останаа со празни џебови“, вели Петрушевски.
Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.