Црна хроника
Тешко повреден тетовец по судир на две возила
Вчера, во 14.45 часот, во СВР Тетово е пријавена сообраќајна несреќа, која се случила на кружниот тек на улицата Маршал Тито во Тетово, во која учествувале две патнички моторни возила со тетовски регистарски ознаки: „фолксваген голф“, управуван од 23-годишниот тетовец А. З., и „фолксваген тигуан“, што го управувал 34-годишниот тетовец Љ. А..
Во несреќата возачот на „тигуанот“ добил тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница.
На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дрога најдена при претрес на дом во Штип
Министерството за внатрешни работи информира дека полициски службеници од СВР Штип при претрес во дом на 40-годишен жител на Штип пронашле марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Претресот, како што информираат од МВР, бил извршен со судска наредба, по што во СВР Штип вчера бил извршен службен разговор со Б.М.(40) од Штип.
-Претходно, со судска наредба, во неговиот дом во Штип полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип извршиле претрес, при што биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на случајот против Б.М. ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
Црна хроника
Се запали автомобил во двор во охридското село Лакочереј
Вчера во 13.26 часот во СВР Охрид било пријавено дека во двор во село Лакочереј, Охридско, настанал пожар во патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на Л.С. од Охрид.
Екипа од Територијалната противпожарна единица Охрид го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увид бил извршен.
Црна хроника
Со автомобил тешко повредил жена во Прилеп и побегнал
Вчера во 18.50 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„11 Октомври” во Прилеп, патничко возило удрило во пешакот Ж.М.(56) од Прилеп, по што возачот го напуштил местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ж.М., констатирани во Градската болница Прилеп.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Прилеп.