Свет
СЗО се обидува да стаса до болницата „Насер“, ИДФ ја продолжува потрагата

Светската здравствена организација денеска објави дека се обидува да стигне до најголемата функционална болница во Појасот Газа, болницата „Насер“, по израелскиот упад. „Во болницата сè уште има тешко ранети и болни пациенти. Постои итна потреба да се испорача гориво за да се овозможи континуирана работа на уредите што спасуваат животи. Се обидуваме да пристапиме до болницата „Насер“ бидејќи има луѓе на кои им е потребна помош“, изјави портпаролот на СЗО, Тарик Јашаревиќ, пренесе „Ројтерс“.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека нивните војници продолжиле да ја пребаруваат болницата и дека досега уапсиле, како што рече, „повеќе од 20 терористи вклучени во масакрите на 7 октомври во Израел“, објави „Тајмс оф Израел“.
Елитната единица „Маглан“ и поморската единица пронашле минофрлачи, гранати и друго оружје на Хамас во болничката установа, истакнуваат од ИДФ.
Војниците на ИДФ влегоа во болницата во четвртоко, велејќи дека имаат информации дека таму се држат заложници и дека некои од киднапираните заложници можеби сè уште се таму. Израелската армија наведува дека „ќе продолжи да спроведува операции во согласност со меѓународното право против терористичката група Хамас, која систематски врши операции во болниците и другите цивилни институции“, пренесува „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Нов аларм во Грац: само неколку часа по масакрот во училиштето, пристигнаа заканувачки повици

Во вторникот наутро, Грац беше шокиран од веста за масакрот во училиштето, каде што напаѓачот убил 10 лица, а потоа извршил самоубиство, а само неколку часа подоцна имаше нов аларм.
Како што пишува „Кронен“, само неколку часа по масовното убиство во училиштето, имитаторите го искористиле пукањето како изговор за да упатат закани.
Имено, друга гимназија во Грац добила заканувачки повик во вторникот вечерта, изјави Франц Руф, генерален директор за јавна безбедност.
Закана била испратена и до централната станица во Грац во вторникот попладне, пишува „Кронен“ и додава дека истрагите за овие закани се во тек.
Свет
Руски амбасадор: Обновувањето на односите меѓу САД и Русија го забавува „длабоката држава“ во Америка

Разговорот меѓу САД и Русија за решавање на прашањата во нивните билатерални односи ќе биде преместен од Истанбул во Москва, изјави денес за ТАСС новиот руски амбасадор во Вашингтон.
„Сè уште има долг пат за обновување на руско-американските односи“, рече амбасадорот Александар Дарчиев.
Според него, зближувањето со Москва го забавуваат таканаречената „длабока држава“ во САД и антируските „јастреби“ во Конгресот.
„Можам да потврдам дека во блиска иднина во Москва ќе се одржат нови разговори на делегации“, рече Дарчиев.
Војната во Украина предизвика најголеми тензии во односите меѓу Москва и Западот од Студената војна. Искусни дипломати од Москва и Вашингтон изјавија за Ројтерс во 2024 година дека не можат да се сетат дека односите некогаш биле полоши.
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп го смета украинскиот конфликт за посредничка „proxy“ војна меѓу САД и Русија. Трамп постојано предупредуваше на ризикот од ескалација на конфликтот во светска војна.
Свет
ЕУ го додаде Монако на листата на земји со висок ризик за перење пари

Европската комисија денес објави дека го додаде Монако на листата на земји со „висок ризик“ во однос на перењето пари, како и дека ги отстрани Обединетите Арапски Емирати од листата.
Европската комисија се согласи со „сивата листа“ на Работната група за финансиски дејствија (FATF), меѓународно тело задолжено за евалуација на активностите на земјите во борбата против перењето пари.
Монако е на нивната листа од 2024 година.