Спорт
Модриќ заминува, десетката ќе ја наследи Мбапе
Лука Модриќ на крајот на оваа сезона ќе мора да го напушти Реал Мадрид, а дресот со број 10 кој го носи хрватскиот играч за врска ќе го наследи Килијан Мбапе. Тоа го пишува Мундо Депортиво во текст во кој истовремено го потврдува заминувањето на Модриќ од клубот и доаѓањето на францускиот напаѓач во Мадрид.
Мбапе им потврди на челниците на Пари Сен Жермен дека ќе го напушти клубот, но јавно не соопшти каде ќе ја продолжи кариерата. Шпанските медиуми се сигурни дека негова следна станица ќе биде Реал Мадрид, иако францускиот напаѓач се уште нема потпишано ништо.
И покрај ова веќе се зборува за бројот на неговиот иден дрес.
„Тоа ќе биде дресот со број 10, кој моментално му припаѓа на Модриќ. Бројот ќе ќе биде слободен по завршувањето на сезоната бидејќи договорот на Модриќ истекува на 30 јуни, а продолжувањето на договорот не е дел од плановите на клубот“, пишува Мундо Депортиво.
Мбапе во ПСЖ ија носи седумката. Тој број во Реал го носи Винисиус Жуниор го носи и нема намера да се откаже од него. Мбапе десетката ја носи во француската репрезентација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Аморим: Ова е чекор назад
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, не го криеше разочарувањето и незадоволството од играта на неговите избраници по поразот од Евертон.
Португалецот ги критикуваше своите играчи дека не одговориле соодветно на агресивната игра на противникот.
„Тие беа подобар тим и со 11 и со 10 играчи. Не им одговоривме со интензитет и тие заслужија да победат. Ни помогнаа и со црвен картон. Моравме да направиме повеќе во секој момент. Моравме да ги притискаме посилно во последната третина. Моравме да направиме повеќе“, рече Аморим.
Шрвата победа на Евертон на „Олд Трафорд“ по пауза од 12 години, означи крај на серијата од пет победи на Манчестер Јунајтед во Премиер лигата.
„Да, ова е чекор назад. Особено кога ќе видите како игравме. Заборавете на резултатот, резултатот е навистина лош, но повеќе ме загрижува чувството што го имав за време на натпреварот. Секој мораше да игра подобро“, заклучи Аморим.
Фото/ Принтскрин
Спорт
(Видео) Геј се огласи по инцидентот со Кин
Евертон го победи Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“, во натпревар кој ќе се прераскажува поради бизарниот црвен картон, што го доби Идриса Гана Геј.
Сенегалецот, во раната фаза од натпреварот му удри шамар на сограчот Мајкл Кин, поради што беше исклучен.
Геј проговори веднаш по натпреварот и им се извини на сите, пред сè на Кин.
„Прво сакам да му се извинам на Мајкл Кин. Преземам целосна одговорност за мојата реакција. Исто така, би сакал да им се извинам на моите соиграчи, тренерскиот штаб, навивачите и клубот. Она што се случи не го одразува тоа кој сум јас или вредностите за кои се залагам. Емоциите можат да зовријат, но ништо не го оправдува ваквото однесување. Бидете сигурни, ќе направам сè за да не се случи ова повторно“, рече Геј.
Евертон го победи Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ со 1:0, иако играа без исклучениот Геј од 14-та минута.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Јокиќ 10-ти пат со трипл-дабл, Денвер победи во Мемфис
Нова НБА ноќ и нов трипл-дабл од неверојатниот Никола Јокиќ. Србинот одигра неверојатен натпревар и покрај тоа што шутираше само девет пати, погоди пет пати од тоа само две двојки и три тројки од четири обиди. Јокиќ беше неверојатен во победата на Денвер Нагетс од 125:115 над Мемфис Гризлис.
Јокиќ мечот го заврши со 17 поени, 16 асистенции и 10 скока, го забележа 10-от трипл дабл во сезоната и 174-ти во кариерата.
За помалку од 34 минути на теренот, Јокиќ приреди спектакл, погоди тројка од половина терен, делеше нестварни асистенции, а по една таква за Пејтон Вотсон коментаторот на Мемфис Гризлис призна:
„Тој е незапирлив. Ова е едно од најдобрите додавања што сум ги видел.“
Nikola Jokic is really a nonchalant hooper 😭🔥
The Joker drops another triple-double and gets the W in Memphis 💪 pic.twitter.com/LFDExgEEoU
— NBA on ESPN (@ESPNNBA) November 25, 2025
Нагетс ја забележаа 13-та победа во сезоната и имаат скор од 13-4, што во моментов е доволно добро за второто место во Западната конференција. Заедно со неверојатниот Јокиќ, Денвер до победата го предводеа Џамал Мареј со 29 поени и осум асистенции (погоди две тројки во финишот кога го реши прашањето околу победникот), како и Пејтон Вотсон со 27 поени.
Никола Јокиќ во досегашниот дел од сезоната има трипл-дабл просек од 29,6 поени, 12,8 скока и 11,1 асистенции.
Резултати:
Индијана – Детроит 122:117
/Сиакам 24 – Канингем 24/
Торонто – Кливленд 110:99
/Инграм 37 – Мичел 17/
Бруклин – Њујорк 100:113
/Клауни 31 – Таунс 37/
Мајами – Далас 106:102
/Хиро 24 – Вашингтон 27
Милвоки – Портланд 103:115
/Портис 22 – Грант 35/
Њу Орлеанс – Чикаго 143:130
/Вилијамсон 29 – Досунму 28/
Хјустон – Феникс 114:92
/Томпсон 28 – Брукс 29/
Голден Стејт – Јута 134:117
/Кари 31 – Џорџ 28/
Сакраменто – Минесота 117:112
/Де Розан 33 – Едвардс 43/

