Црна хроника
Загина мотоциклист на патот Кавадарци – Моклиште
Вчера во 12.20 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци – Моклиште, на излез од село Ваташа, кавадаречко, мотоцикл ,,хамачи” со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Л.С.(48) село Ваташа, излетал од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во болницата во Кавадарци, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде што подоцна починал. Увид на местото извршиле увидна екипа од ОВР Кавадарци и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Му се заканувале и му барале 80 илјади евра, па му го запалиле возилото: полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.15 часот во СВР Скопје, 33-годишен маж од Скопје пријавил дека претходниот ден од телефонски број на лице кое го познавал му биле испраќани пораки со заканувачка содржина и му биле барани 80.000 евра, извести МВР.
„Подоцна во 00.40 часот на 21.06.2024 негов сосед го известил дека било опожарено неговото возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, кое било паркирано пред неговата куќа“, соопшти МВР.
Пожарот бил изгаснат,а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Малолетник нападнат во училишен двор во Карпош
Денеска во 01.00 часот во СВР Скопје, 45-годишната Ј.А. од Скопје пријавила дека на 20.06.2024 околу 21.30 часот во училишен двор на подрачјето на Карпош во Скопје, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетеник, извести МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Сообраќајна несреќа во Струмица, тешко повредена малолетничка
Вчера во 15.50 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на булевар „Маршал Тито“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со струмички регистарски ознаки, управуван од С.В.(43) од Струмица и патничко возило „сеат“ со германски национални ознаки, управувано од Ѓ.С.(35) од село Мокриево, струмичко, извести МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничката на мопедот, а со телесни повреди се здобила С.В., констатирани во Медицински центар Струмица, соопшти МВР.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.