Свет
Автомобилот што Путин му го подари на Ким Џонг-ун: вистински патен крстосувач

Рускиот претседател Владимир Путин му подари автомобил на својот севернокорејски колега Ким Џонг-ун, објавија севернокорејските државни медиуми. Тоа е уште еден знак за одмрзнување на односите меѓу двете земји, кои предизвикаа загриженост во светот.
Автомобил од руско производство за лична употреба на Ким беше испорачан од руска делегација во неделата, објави државната Корејска централна новинска агенција (КЦНА).
Сестрата на Ким и висок функционер во Пјонгјанг, Ким Јо Јонг, му се заблагодари на Путин во име на својот брат и рече дека „подарокот служи како јасна демонстрација на посебните лични односи меѓу врвните лидери на Северна Кореја и Русија“.
Сепак, каков автомобил подари Путин? Тоа е моделот „аурус сенат“, произведен од компанијата „Аурус моторс“, основана во 2018 година, но тесно поврзан со државниот автомобилски институт НАМИ, кој развива возила повеќе од еден век.
Во 2013 година НАМИ почна со развој на нов руски претседателски државен автомобил, кој требаше да го замени тогаш сегашниот Mercedes-Benz S 600 Pullman Guard, а во 2018 година овие возила беа претставени во линијата Aurus Kortezh. Ова вклучува седан и лимузина со име „сенат“, карван „арсенал“ и теренец „комендант“.
Сепак, автомобилот што му беше подарен на севернокорејскиот моќник сигурно ќе биде значително поскап од тој. Станува збор за 4,4-литарски V8-мотор со два турбополнача, кој развива 598 КС. Се работи за хибридно возило, кое има и електромотор од 63 КС. Моќта се пренесува на задните тркала со деветстепен автоматски менувач, специјално развиен за овој автомобил и е вистински патен крстосувач.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Напад во кривичниот суд во Њујорк, има повредени

Тројца судски службеници денес биле нападнати со нож и повредени во зградата на Кривичниот суд на Менхетен, потврдија два извори од њујоршката полиција кои се запознаени со нападот.
„Осомничениот напаѓач е приведен по нападот врз службениците во зградата на судот на Централната улица во Њујорк. Нападот се случил близу фоајето“, изјавил неименуван полициски извор за NBC.
Еден судски службеник се здобил со посекотини на лицето, друг на вратот, а третиот бил повреден кога осомничениот го фрлил на подот обидувајќи се да побегне, се наведува во извештајот на американската телевизиска мрежа.
Сите тројца повредени се медицински згрижени и се чувствуваат добро, а истрагата е во тек, иако засега не е јасно што бил мотивот за нападот.
Свет
„Ерусалим пост“: Трамп ќе му даде на Иран последна шанса

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да му упати на Иран последна шанса за договор, објави „Ерусалим пост“, повикувајќи се на американски и европски претставници.
Според неофицијални информации, новата понуда би можела да биде уште поповолна од онаа од пред недела и половина, но сепак би се базирала на американското барање за нулта толеранција за збогатување ураниум.
Според истиот извор, Иран се обидел да посредува со американската администрација преку Оман и Катар со цел да ги запре израелските напади и да ги обнови преговорите за нуклеарната програма. Саудиска Арабија наводно дејствува преку посебен канал со иста цел – постигнување прекин на огнот.
Свет
Претседателот на Иран: Не сакаме ширење на војната

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Иран не сака да ја прошири војната со Израел, но ќе одговори пропорционално на секој напад, пренесува државната иранска новинска агенција.
Пезешкијан ова го рекол за време на телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Иранските научни, воени и цивилни објекти беа под израелска агресија, при што беа убиени цивили, научници и воени водачи“, рече Пезешкијан.
„Иран не ја започна оваа војна, но ќе одговори според нивото на напад“, изјави.
Тој додаде дека учеството на Иран во нуклеарните преговори со САД зависи исклучиво од прекинот на нападите на ционистичкиот режим врз земјите во регионот.
Турскиот претседател Ердоган, според турската државна агенција, му рекол на Пезешкијан дека Турција е подготвена да игра улога на посредник за да помогне во деескалацијата на конфликтот и да го поддржи враќањето на преговорите за нуклеарната програма.