Спорт
Хап ѝ се приклучи на македонската репрезентација

Foto/ kfsm.mk
Американецот Итан Хап (27) го одработи првиот тренинг со кошаркарската репрезентација на Македонија. Играчот на Гран Канарија треба да биде адутот на Макеоднија во рекетот.
„Дефицитарни сме на високите позиции, без Симиќ и Младеновски од кои едниот целосно се откажа од кошарка, а другиот три месеци не беше во тренажен процес бевме принудени да се одлучиме за Хап кој претходно доби државјанство. Тоа е повеќе стратешка околку изнудена одлука, објасни селекторот Александар Јончевски.
Националниот тим ќе биде комплетен кога ќе му се приклучи Војдан Сотјановски. Капитенот се е под терапија, но ќе биде подготвен за првиот натпревар.
Македонија во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2025 година, во петок ќе ја пречека Естонија во СРЦ Кале, со почеток во 19 часот.
Покрај овие две репрезентации во групата Х партиципираат Литванија и Полска.
Покрај Полска, која како ко-домаќин веќе избори место на ЕП, од групата Х пласман на шампионатот ќе изборат уште две репрезентации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Италија остана без планираното НБА-засилување

Донте ДиВинченцо нема да игра за Италија на претстојниот Евробаскет и покрај тоа што преговорите траеја неколку месеци и што во меѓу време доби пасош на оваа земја.
Бекот на Минесота беше вклучен во прелиминарниот состав на „Азурите“, што ја израдува целата нација со богатата кошаркарска историја. Кошаркарот од Делавер требаше да биде капитално засилување за Италија.
Иако во претходните месеци ја нагласуваше својата голема желба да ја претставува татковината на своите родители на Европското првенство, се случи ненадеен пресврт.
Поранешниот играч на Милвоки, Сакраменто, Голден Стејт и Њујорк Никс нема да носи дресот на Италија ова лето.
Наместо него, на списокот ќе биде натурализиран Американец, Дариус Томпсон, кој го напушти Анадолу Ефес и од наредната сезона ќе игра во Валенсија.
Фото/ Принскрин
Спорт
Сезоната во ПМФЛ ќе ја отвори дербито Вардар-Пелистер

На денешното извлекување во Хотел Хилтон во Скопје беа утврдени паровите за есенскиот дел од сезоната 2025/26 во Првата Македонска Фудбалска Лига. Сезоната 2025/2026 ќе започне на 8 август.
Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ќе почне со големото дерби. помеѓу Вардар и Пелистер.
Шампионот Шкендија, одбраната на титулата ја започнува на домашен терен против Шкупи. Силекс ќе биде домаќин на Брера, новите прволигаши Башкими и Арсими ќе се соочат во Куманово, Работнички ќе му гостува наТиквеш, а Струга ќе ја пречека Македонија ЃП.
На следниот линк можете да го погленете распоредот:
Спорт
Рамсдејл во Њукалс

Арон Рамсдејл ќе го брани голот на Њукасл следната сезона, бидејќи „страчките“, со Саутемптон договорија позајмица со право на откуп.
Иако потпиша четиригодишен договор со „Светците“ на 30 август минатата година, само 11 месеци подоцна повремениот репрезентативец на Англија ќе го напушти бродот што потоа во Чемпионшип.
Интересно, Рамсдејл трет пат испадна од Премиер лигата, но ниту еднаш не остана во клубот да брани во понизок ранг, прво Борнмут во 2020 година, а потоа Шефилд Јунајтед една година подоцна. Сега ќе бара среќа во Њукасл, кој ја заврши претходната сезона на петтото место, па ќе игра во Лигата на шампионите. Рамсдејл ќе се бори за место меѓу стативите со 33-годишниот Ник Поуп.
Црно-белите, според извештаите од Островот, платиле „значителна сума“ за да го земат момчето од Стоук на позајмица за една година, а договорот вклучува право за откуп на неговиот договор.
Фото/ Принтскрин