Спорт
Мурињо – Конте: „Борба“ за местото на Тухел во Баерн

Трите последователни порази на Баерн на гости, во директниот дуел за првото место во Бундес лигата со Леверкузен, првиот осминафинален натпревар со Лацио и, конечно, мечот со Бохум во недела попладне, европската фудбалска јавност ги виде како причина да се збогуваме со Томас Тухел.
Дали во текот на сезоната или во лето, во овој момент не е пресудно.
Клучно е кој ќе го наследи неубедливиот стручњак на клупата на славниот клуб и, судејќи по текстовите на водечките портали на континентот, две големи имиња „ќе се борат“ за позицијата на Тухел.
Инаку, тоа се стари ривали, кои имаат нерешени проблеми од минатото – Жозе Мурињо и Антонио Конте.
Првиот е на слобода од неодамна, откако доби отказ од Рома и рече дека целта му е еден ден да работи (и да ја освои титулата) во Германија додека беше на врвот на славата.
Другиот е без клуб речиси една година и освен повремено појавување на трибините на италијански стадион, јавно не проговорил за желбата еден ден да раководи со некој бундеслигаш.
Меѓутоа, денеска „Билд“ ја пренесе приказната дека Конте преку својот агент испратил јасни сигнали до клучните луѓе на „Алијац Арена“, со намера да ја земе предвид неговата кандидатура.
Претходно во сезоната, Конте беше поврзуван со Милан, Јувентус и Наполи, но ништо не се реализираше, дури ниту кога претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис го замени Руди Гарсија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Болоња со една нога е во финалето на Купот

Фудбалерите на Болоња го совладаа Емполи како гости во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија со резултат 3:0.
Јасно е дека реваншот ќе биде само формалност по ваквата демонстрација на силата на тимот на Виченцо Италијано. Болоња игра феноменално во последно време, ова за нив беше шеста последовна победа во сите натпрварувања.
Двоен стрелец за гостите на стадионот „Карло Кастелани“ беше Холанѓанецот Тијс Далинга во 29. и 51. минута.
Претходно, уште еден гол сезонава постигна и најдобриот стрелец на тимот Рикардо Орсолини.
Многу поголема неизвесност се очекува во второто полуфинале, в среда градските ривали Интер и Милан го играат првиот натпревар.
Болоња го освои Купот двапати во својата историја, вториот пат во 1974 година.
Спорт
(Видео) Еланга како брз воз го реши Јунајтед, Арсенал го победи Фулам

Нотингем Форест продолжи таму каде што застана пред репрезентативната пауза. Избраниците на Нуна Еспирито Санто го совладаа Манчестер Јунајтед со резултат 1:0 во 30. коло од Премиер лигата.
„Шумарите“ поведоа во петтата минута со голот на поранешниуот играч на Јунајтед, Ентони Еланга. Репрезентативецот на Шведска, како брз воз претрча речиси 60 метри и го совлада Онана.
Јунајтед од тој момент имаше апсолутна доминација на теренот. Форест намерно им ја препушти иницијативата на „црвените ѓаволи“, но избраниците на Рубен Аморим немаа одговор на одличната одбрана.
Диого Дало имаше две шанси во првиот дел, а во второто полувреме неколку пати се закани Гарначо. Најдобрата шанса не ја искористи Мегваер чии удар од 97.минута од гол линијата го исфрли Мурило.
Избраниците на Артета не блескаа, но ја исполнија целта, со освојување на нови три бода ја намалија предноста на Ливерпул на девет бода, со натпревар повеќе од „црвените“.
Стрелец на водечкиот гол беше Микел Мерино во 37. минута по асистенција на младиот Итан Енванери.
На овој натпревар Букајо Сака се врати на теренот за прв пат од декември. Тој во 66. минута го замени младиот Енванери, а во 73. минута постигна гол. Габриел Мартинели овојпат забележа асистенција по уште еден добар потег на Микел Мерино.
Конечниот резултат го постави Родриго Муниз во четвртата минута од судиското надополнување. Доцна за Фулам, освен да го ублажи ударот. Можеби ќе беше поинаку за гостите доколку истиот играч претходно ја искористеше големата шанса во 81. минута кога практично промаши празен гол.
Вечерва играа Вулверхемптон и Вест Хем. „Волците“ беа подобри и славеа пред своите гледачи со резултат 1:0. Стрелец на голот беше Јерген Странд Ларсен во 21. минута.
Спорт
(Видео) Третолигашот Арминија го елиминира Баер Леверкузен

Членот на третиот ранг на германскиот фудбал Арминија од Билефелд избори пласман во финалето на купот. Во полуфиналниот натпревар, Арминија го победи бранителот на трофејот Баер Леверкузен со 2.1.
На патото до финалето Арминија ги победи Хановер (0:2), а потоа членовите на Бундес лигата: Унион Берлин (0:2), Фрајбург (1:3) и Вердер (1:2).
Домашната екипа по пресврт го елиминира бранителот на трофејот.
Џонатан Та ги доведе „фармацевтите“ во водство во 17. минута, но Мариус Вор одговори само три минути подоцна.
Тимот од Билефелд не застана тука, а до одморот, во третата минута од судиското надополнување, преку Максимилијан Грозер го комплетираа пресвртот против шампионот на Германија.
Во продолжение Арминија можеше да го удвои водството преку Џоел Гродовски. Во финишот Јонас Керскен најпрвин брилијантно го одбрани ударот на Виктор Бонифас, а набрзо Патрик Шик со глава ја погоди стативата.
Бранителот на титулата во Купот не можеше да избегне пораз до крајот на мечот, па Арминија во финалето на 23 мај во Берлин ќе игра со подобриот од дуелот Штутгарт-Лајпциг.