Скопје
Дел од Скопје без вода и струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од улиците: Влае и Франце Прешерн. (Општина Карпош)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од улиците: Ангел Димовски и 23-ти Октомври. (Општина Аеродром )
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека поради отстранување уличен дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-250 мм, на ул. Македонско Косовска Бригада 10/бб (во близина на пругата), од 09:00 часот до завршување со интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, вклучително и објектите на Трговскиот центар „ Поинт Ретаил Парк „ и „ Вива Фреш Сторе “. (Општина Чаир)
· поради отстранување дефект на затворач на водоводна цевка со пречник од ф-80 мм на ул. Самоилова бр.140, од 09:00 часот до завршување со интервенцијата прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следните улици: Самоилова, Банатска и Јоаким Крчовски. (Општина Чаир)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Фото) Признанија за најдобрите ученици од општина Илинден

Градоначалникот на општина Илинден Александар Георгиевски приреди прием за учениците од општинските основни училишта кои освоија високи места на државните натпревари и им додели признанија за постигнатите резултати.
Градоначалникот им ги честиташе успесите на учениците и нивните ментори и истакна дека е горд што има голем број наградени ученици од општина Илинден. Тој додаде дека локалната самоуправа посветено цели да ги промовира и поттикнува постигнатите успеси и достигнувања на учениците од општината.
На вкупно 20-тина ученици и нивните ментори и годинава им беа доделени признанија за постигнатиот успех, што претставува признание за трудот на наградените, но и мотив за останатите. Учениците беа наградени за високи достигнувања на државните натпревари по македонски јазик, англиски јазик, биологија, природни науки, како и на натпреварот по Информатичко размислување, велат од Општината.
Македонија
(Фото) Герасимовски: Граѓаните со големи пофалби за новоизградената градинка „Пролет“

Вчера, во рамки на караванот „Се гледаме во маало“, градоначалникот Горан Герасимовски се сретна со жителите на населбата Пролет, каде пред само еден месец беше отворена најубавата и најмодерната градинка „Пролет“ во Македонија.
Жителите на оваа населба упатија големи пофалби за новоизградената градинка, прва и единствена во Пролет која претставува вистински пример за современа детска заштита. Изградена според највисоки светски стандарди, со целосно нова, безбедна и инклузивна средина, таа денес е гордост на целата општина, велат од Центар.
„Овие маалски средби ни се многу важни, тие се можност директно да го слушнеме мислењето на граѓаните, нивните идеи, предлози и предизвици. Затоа и го правиме овој караван, затоа што општината не треба да чека граѓаните да дојдат кај нас, туку ние треба да одиме кај нив и да работиме исклучиво во нивен интерес“, изјави Герасимовски.
Средбата се одржа на маалско игралиште кое беше опремено од градоначалникот Герасимовски, каде што децата безгрижно растат, учат и се дружат. Центарци го поздравија континуираниот развој на Центар, во изминатиот период беа реконструирани 20 улици, подобрени беа условите во сите градинки и основни општiски училишта, а есенва ќе биде пуштена во употреба и реконструираната спортска сала „Работнички“, уште еден капитален проект во интерес на граѓаните, соопшти Општината.
Македонија
Без вода дел од Кисела Вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од Ф-150 мм на улицата Христо Татарчев бр. 47, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица и кулите – Расдник, oпштина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.