Свет
Кралот Чарлс по дијагнозата на рак: Најчесто бев во солзи
Британскиот крал Чарлс за време на состанокот со премиерот Риши Сунак рече дека бил трогнат до солзи од пораките за поддршка по дијагноза на рак.
Палатата објави претходно овој месец дека на Чарлс (75) му бил дијагностициран облик на рак на помалку од 18 месеци од неговото владеење.
„Добив толку многу убави пораки и честитки. Затоа најчесто бев во солзи“, изјави Чарлс за време на неделната посета со Сунак. „Сите се со тебе“, одговорил Сунак, пренесуваат медиумите во регионот.
Монархот одржува неделна приватна посета со премиерот иако на камерите повремено им е дозволено да го снимаат почетокот на состанокот. Состанокот во средата е првата официјална лична аудиенција што Чарлс ја одржа со Сунак по дијагностицирањето неодредена форма на рак. Бакингемската палата соопшти дека кралот ќе продолжи да ги извршува државните должности додека се лекува од рак.
Медиумите потсетуваат дека Велика Британија, но и светот, беа шокирани од веста дека кралот Чарлс боледува од рак. Бакингемската палата не откри за каков вид рак се работи, но кралот почнал редовно да се лекува.
Кралот ќе ги одложи јавните ангажмани поради болест, а другите членови на кралското семејство ќе продолжат со своите обврски.
Како што пренесува „Сан“, поголемиот дел од должностите на Чарлс ќе ги преземат неговиот син и престолонаследник, принцот Вилијам (41), и сопругата на кралот, кралицата Камила.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

