Македонија
Бараме масивна поддршка од Албанците за Османи за да ни се овозможи да го измениме Уставот, вели Арбер Адеми

„Демократска Унија за Интеграција, како што најави во текот на вчерашниот ден лидерот Али Ахмети, започна со собирање на потписи за Бујар Османи, кандидат за Претседател на нашата земја. После Првиот Премиер Албанец, Првиот Вицепремиер, Министерот за надворешни работи, тој за одбрана и за внатрешни работи, државните правобранители и Народниот Правобранител, претседателите на Уставниот, Врховниот и Управниот Суд, претседателите на фудбалската, боречката и боксерската федерација, дојде време да го отвориме патот и Претседателот на државата да биде Албанец“, рече портпаролот на ДУИ, Арбер Адеми.
„Сржта на идејата на лидерот Али Ахмети е изборот на Претседателот на државата во Собрание со 2/3 мнозинство на гласови и со Бадинтер, за да се обезбеди општествен, надпартиски консензус за да се овозможи со над 80 гласови во Собранието и со етнички консензус да се спречи етничко надгласање и наметнување само од двете поголеми македонски политички партии. Токму ова идеја, дериватите на ДУИ предводени од разрешениот претседател на Алијансата не ја разбрале кога претходно ја прочитале, значи еден ден претходно, говорот на Али Ахмети бидејќи успеале да „го обезбедат„ предвреме вчерашниот говор на нашиот Претседател. Оваа идеја, Али Ахмети ја претстави на Вториот Изборен Конгрес на Демократската Унија а Интеграција во 2009 година во Скопје кога ги наброи 12 позиции, тогаш недостишни за Албанците, додека истата ја имавме во изборната Програма од 2014, 2016 и последно 2020 година“, додаде Адеми.
Тие бараат апсолутна, масивна поддршка на албанците и другите граѓани за кандидатот Бујар Османи, за да се овозможи измена на Уставот, истовремено и за Претседателот и за уставните амандмани кои произлегуваат од Договорот за добрососедство.
„Овој ќе биде ставот на ДУИ и за вториот изборен круг на Претседателските избори и за Парламентарните избори, и ние ќе го постигнеме тоа. Само со еден глас за најсилната Албанска партија ќе се постигне целта и ќе се спречи Русија и руското влијание кое ја зафати нашата економија, критичната инфраструктура, политичките партии, медиумите, верските заедници, граѓанското општество и има за цел да го дестабилизира нашето кревко мултиетничко, мулти-религиозно и мултикултурно општество за промовирање на домино ефект низ целиот регион“, завршува Адеми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Спасувачка мисија на полицискиот хеликоптер во струмичко

Вчера полициски хелиокптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше на пожар во Василево, село Нивичино.
Поради разгорување на пожарот и опасност кон викендици и лица што дејствуваат во гаснење на пожарот полицискиот хеликоптер со прецизни налети дејствуваше во близина на патот и објектите кои што беа обиколени со пожар за да се обезбеди безбеден премин и да можат екипите од терен на безбедно да извршат евакуација на загрозените лица и да се повлечат на безбеден терен.
Македонија
Следува период на многу топло време со температури над 40 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 40 степени.
Времето во наредните денови
Во текот на новата работна седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура на повеќе места ќе надминува 35°C, а наместа и 40°C.
Македонија
ЦУК: Пет активни пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот на територијата на државата има вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои:
5 се активни, 3 под контрола, 12 се изгаснати
Активни пожари:
1. Општина Василево – с. Нивичино (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација)
2. Општина Македонски Брод 1 – с. Грешница (мешана шума и сува трева)
3. Општина Македонски Брод 2 – помеѓу с. Црешнево, с. Локвица, с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)
4. Општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани (мешана шума и нискостеблеста вегетација)
5. Општина Ресен – с. Покрвеник – с. Перово – с. Асамати – с. Наколец (трски и сува трева)
Пожари под контрола
1. Општина Желино – с. Желино према Еребино – планина Жеден (нискостеблеста шума, грмушки и ниска вегетација)
2. Општина Велес – кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума)
3. Општина Струга – помеѓу селата Октиси и Белица (сува трева)
Изгаснати пожари
1. Општина Студеничани – с. Студеничани (сува трева)
2. Општина Крушево – с. Селце (сува трева)
3. Општина Македонски Брод – с. Слатина, м.в. Стојанова Населба (смрека, сува трева и друга ниска вегетација)
4. Општина Пробиштип – с. Бунеш (сува трева)
5. Општина Виница – ул. Славчо Стојменски (сува трева)
6. Општина Куманово – Градиште (ниска шума)
7. Општина Липково – с. Слупчане (стрниште и сува трева)
8. Општина Ранковце – с. Псача, м.в. Гладно Поље (сува трева)
9. Општина Кратово 1 – с. Железница (стрниште и сува трева)
10. Општина Кратово 2 – м.в. Филтер Станица Кратово (стрниште и сува трева)
11. Општина Гостивар – Депонија (ѓубре)
12. Општина Маврово-Ростуше – с. Дуф (ливада)