Македонија
Од полноќ намалување на цената на дизел-горивото во Македонија

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,50 % во однос на одлуката од 22.2.2024 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 1,238 %, кај дизелот 3,674 %, кај екстра-лесното масло 2,350 % и кај мазутот зголемувањето е 1,168 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 0,178 %.
Од 24.2.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 83,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 85,50 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 78,50 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 77,50 (денари/литар)
„Мазут М-1 НС“ – 42,901 (денара/килограм)
Малопродажната цена на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) се намалува 2,00 денара/л.
Малопродажните цени на бензините ЕВРОСУПЕР БС-95 и ЕВРОСУПЕР БС-98, како и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на „мазутот М-1 НС“ не се менуваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Штип: Разликата е над 15.000 гласови, благодарам штипјани!

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Штип, Иван Јорданов на социјалните мрежи објви дека градот направил вистински избор со разлика од над 15.000 гласови, или сооднос 6:1!
„Денес испишавме историја за нашиот град. Политичката зрелост Штип ја докажа со поддршка на веќе воспоставена локална самоуправа. На овие избори победи вербата во она кое го сработивме, енергијата која секојдневно ја вложуваме и отвори можност за нови резултати на секое поле. Новиот мандат нема да биде нова иднина, туку сегашност што сме ја посакувале! Благодарам мој Штип! Благодарам мои штипјани!“, напиша Јорданов.
Македонија
46, 65 проценти е одзивот на гласачи до 18:30 часот, соопшти ДИК

Државната изборна комисија ја соопшти излезноста до 18:30 часот на првиот круг на локалните избори во Македонија.
„Последниот одзив е до 18:30 часот, одзивот на ниво на државата изнесува 46,65%, односно излегле да гласаат 803.091 граѓанин, од 94,62% од обработените избирачки места“, рече претседателот на ДИК, Борис Кондарко.
„Во споредба со Локалните избори во 2021 година, вкупниот одзив тогаш изнесувал 49,98%“, додаде Кондарко.
Конечниот одзив од изборите ќе биде познат после полноќ, за кога е најавена уште една прес-конференција, според Кондарко.
Генералниот одзив до 18:30 часот за Град Скопје изнесува 46,64%, информира ДИК.
„Три општини, Центар Жупа, Маврово и Ростуше и општина Врапчиште во моментов имаат помалку од една третина на излезност од вкупниот број на запишани избирачи во ИС. За избран кандидат во првиот круг на гласањето за градоначалник се смета оној кандидат кој добил мнозинство од гласовите под услов во соодветната општина да излегле да гласаат најмалку една третина од запишаните гласачи“, појасни Кондарко.
Според ДИК сите изибирачки места биле навреме отворени. Целокупниот тек на постапката за гласање бил спроведен без никакви проблеми. Сите изборни дејствија беа спроведени согласно Изборниот Закон и упатствата за работа на ДИК, појасни Кондарко.
Македонија
(Видео) Муцунски: Очекуваме повеќе гласови и градоначалници од локалните избори во 2021 година

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, изјави дека партијата е на праг на голема победа и очекува да освои повеќе гласови и градоначалници во споредба со локалните избори во 2021 година.
„Ова беа мирни и успешни избори, можеби најпримерните во нашата понова историја. Заслугата е на граѓаните – им благодариме за одѕивот и желбата да ја наградат нашата работа. Очекуваме огромна победа,“ изјави Муцунски.
Тој додаде дека одредени информации за нерегуларности ги гледа како дел од стратегија на СДСМ за изборниот пораз кој следи.
„Тоа е партија со многу проблеми и очекувано е да почне процес на реформирање. Нашата победа ќе биде чиста и јасна, а тоа за нас значи одговорност која не смееме да ја изневериме,“ нагласи Муцунски.
Додаде дека сè уште е рано за првичните резултати, кои, според очекувањата, би почнале да пристигнуваат за околу половина час.