Спорт
Сонг повеќе не е селектор на Камерун
Ригоберт Сонг повеќе не е селектор на Камерун, објави претседателот на Фудбалскиот сојуз, Самуел Ето.
„Сонг му донесе многу на овој тим, но законите на фудбалот се такви. Не ги постигнавме нашите цели и неговиот договор, кој истече денеска, нема да биде продолжен“, изјави Ето за француски „Лекип“.
Камерун беше елиминиран во осминафиналето на Африканскиот куп на нации од Нигерија, па разделбата со Сонг беше очекувана.
Сонг (47) во својата тренерска кариера ја водеше само репрезентацијата на Камерун, а на клупата седна во 2022 година.
Најголемиот успех што го постигна е победата над Бразил (1:0) на Светското првенство во Катар, но Камерунците не успеаја да ја минат групата во која беа и Швајцарија и Србија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Браселона на „Монжуик“ ја декласира Валенсија
Фудбалерите на Барселона ја совладаа Валенсија на домашен терен со 7:1 во 21. коло од шпанската Ла Лига.
Каталонците маестрално влегоа во мечот и поведоа во третата минута кога Ламин Јамал го пригра Френки Де Јонг за 1:0.
Само пет минути подоцна гол постигна Феран Торес кој погоди на асистенција на Алехандро Балде.
По 15 минути игра Барселона веќе имаше убедливо водство од 3:0, бидејќи и Рафиња постигна гол по додавањето на Фермин Лопез.
Асистентот за третиот гол, Балде, го постигна четвртиот гол во 24.минута. Барселона кратко застана, а потоа во четвртата минута од судиското надополнување, Фермин Лопез постигна уште еден гол за убедливи 5:.
Валенсија имаше малку подобар почеток во вториот дел, бидејќи Уго Дуро погоди на асистенција на Диего Лопез.
Сепак, Барселона ја направи победата уште поубедлива, бидејќи само седум минути подоцна погоди Роберт Левандовски, а Сезар Тарега во 75. минута кога си постигна автогол за Барселона за 7:1.
Каталонците се на третото место во Ла Лига со 42 освоени бода, додека Валенсија е на претпоследното место со 16 бода.
Спорт
(Видео) Фиорентина ја прекина црната серија, во Рим го победи Лацио
Фиорентина ја прекина серијата од седум натпревари без победа во сите натпреварувања и го совлада Лацио во Рим со 2:1.
Натпреварот практично беше решен во првите 20 минути игра кога „Виола“ ги постигна двата гола.
Гостите поведоа во 11. минута од натпреварот. Госенс го направи тоа што го прави најдобро, упати прецизен центаршут во шеснаесетникот, а Адли беше прецизен од непосредна близина.
Само шест минути подоцна веќе беше 0:2. Овој пат Додо се најде во улога на асистент, а Белтран го постигна четвртиот гол сезонава.
Во вториот дел Лацио ја имаше топката се обидуваше да нападне, но одбраната на Фиорентина на чело со голманот Де Хеа лесно ги одбиваше нападите.
Во последните 15 минути имаше многу нервоза на теренот. Адли доби црвен каротон кога веќе ја напушти играта, а потоа исклучени беа и двајцата тренери.
Малку неизвесност внесе Марушиќ во 92. минута од натпреварот ја смести топката што ја испрати Хисај. Лацио имаше уште четири минути да се обиде да дојде до бод, но не успеа. Во последните секунди Педро ја погоди стативата.
Со оваа победа Фиорентина е на шестото место со 36 бода, со три бода помалку од Лацио кој се наоѓа на четвртото место.
Спорт
(Видео) Галено го закопа Порто, промаши два пенали
Спортинг е најголемиот добитник по завршувањето на 19.коло во португалскиот шампионат. „Лавовите“ ја зголемија предноста на табелата на шест бода, откако Бенфика вчера загуби од Каса Пија (3.1), а ден подоцна Порто со Санта Клара одигра 1:1.
За мечот на „Драгао“ во Порто и Бразилецот Галено долго ќе се зборува. Галено го закопа својот тим откако не реализира пенал во 72. минута при резултат 0:1, а потоа и во 96.минута. Откако голманот Габриел Батиста му го одбрани пеналот топката дојде до Галено кој од четити метри шутираше крај голот.
Она што ги налути сите во Порто е што Галено не му дозволи на соиграчот да го изведе вториот пенал, туку му ја зеде топката од раце.
FC Porto 0-1 Santa Clara
Galeno PK ❌ 71'pic.twitter.com/aZkeH9vynM
— PortugueseSoccer.com ⚽️ (@PsoccerCOM) January 26, 2025
Fc Porto Wenderson Galeno miss last minute penalty pic.twitter.com/TxmBul4fln
— Adedamola (@DMLJ_LFC) January 26, 2025