Црна хроника
Уапсени двајца од Тетовско, биле затекнати како бесправно сечат букови стебла
Полициски службеници на СВР Тетово, вчера, во 15.30 часот ги лишиле од слобода 60-годишниот М. Р. и 58-годишниот З. И., двајцата од тетовска Шипковица, извести СВР Тетово.
„Тие биле затекнати во месноста Студена Река, атар на тетовски Бродец, како со моторни пили бесправно сечат букови стебла. Извршен е увид и било утврдено дека на местото биле пресечени околу 200 стебла“, соопшти СВР Тетово.
По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе следуваат соодветни поднесоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен криумчар на мигранти
Вчера полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода 45-годишниот М.Ј. од Куманово.
„Околу 10.30 часот на локален пат од с.Сопот кон с.Сушево бил извршен преглед на возилото „шевролет авео“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал М.Ј., при што биле пронајдени две лица мигранти од Република Турција“, соопшти МВР.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Вознемирувал жена од Центар за згрижени лица и нападнал полицаец
Вчера во 11:00 часот, полициски службеници од полициското одделение Сарај го привеле Х.М.(46) од Скопје, со престој во с.Чичино село, скопско, постапувајќи по претходна пријава дека вознемирувал од 45-годишна жена од Центарот за згрижени лица во с.Чичино село.
Потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои преземале мерки по пријавата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Дете искасано од улично куче во Долно Лисиче
Вчера во 18.35 часот во полициската станица Аеродром, М.Ѓ.(40) од с.Долно Лисиче, скопско, пријавил дека на место викано „Чатал“ во с.Долно Лисиче, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.