Македонија
(Видео) Митева: Ако Бујар Османи се жали дека не може да преживее со 125.000 денари плата, како ли ќе преживеат 99 отсто од граѓаните
„Владата не сакаше да го продолжи рокот за гарантирани цени за храната и за некои безалкохолни пијалаци и од денеска цените во маркетите повторно ќе бидат повисоки и ќе удрат по џебот на граѓаните, кои едвај врзуваат крај со крај и го преживуваат месецот. Во услови кога потрошувачката кошница за едно четиричлено семејство достигна речиси 60.000 денари, пари што ретко кој ги заработува, власта свесно ќе стимулира нов раст на цените за да го земе и последниот денар од граѓаните“, рече Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„И додека цените растат и народот не знае како да го помине месецот Ковачевски се фали дека ги зголемил платите, што е врв на глупоста, која е демантирана лично од неговиот министер Бујар Османи. Османи јавно се жали дека платата му е мала и доколку еден месец не земе плата, веќе следниот ќе мора да се задолжи. Ве молам да ја погледнеме изјавата на Османи.
Важно е да се напомене дека платата на Бујар Османи е над 125.000 денари, што е двапати повеќе од една потрошувачка кошница за четиричлено семејство.
Оттука се поставува прашањето, доколку Бујар Османи не може да преживее со плата од 125.000 денари, како тогаш Ковачевски очекува граѓаните кои земаат помала плата од Османи, а тоа се 99% од луѓето во државата да го поминат месецот?
Што треба да кажат граѓаните кои земаат 25.000 денари плата? Каде само еден член од семејството работи или и тие со две плати од по 25.000 денари, кога нивните примања се под потрошувачката кошница?
Доколку платата на Османи е мала, тогаш каква е платата на граѓаните и како тој се чувства како одговорен за состојбите во државата, кога и по 7 години власт тој и владата од која е дел не успеале да направат подобри услови за живот, напротив ги влошиле и го зголемиле бројот на граѓани кои живеат во сиромаштија со по 150 денари на ден.
Изјавата на Бујар Османи е доказ дека во Македонија со СДС и ДУИ тешко се живее и дека власта не создала услови за живеење на граѓаните. Изјавата на Османи е доказ зошто сè повеќе наши сограѓани се иселуваат. Изјавата на Османи е доказ зошто СДС и ДУИ не смее да бидат ниту еден ден повеќе власт.
Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме“, изјави Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неработни денови во 2026 година
Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2026 година неработни денови се:
За сите граѓани на РСМ
• 1 јануари (четврток), Нова Година,
• 7 јануари (среда), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар,
• 20 март (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам
• 13 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
• 1 мај (петок), Ден на трудот
• 24 мај (недела) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден,
• 2 август (недела), Ден на Републиката, односно 3 март (понеделник) е неработен ден,
• 8 септември (вторник), Ден на независноста,
• 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден,
• 23 октомври (петок), Ден на македонската револуционерна борба,
• 8 декември (вторник), “Св. Климент Охридски”.
За граѓаните од православна вероисповед
• 6 јануари (вторник), Бадник, ден пред Божик,
• 19 јануари (понеделник), Богојавление (Водици),
• 10 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
• 29 мај (петок), Духовден, петок пред Духовден,
• 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
За граѓаните од католичка вероисповед
• 6 aприл (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
• 1 ноември (недела), Празникот на сите светци,
• 25 декември (петок), првиот ден на Божик.
За граѓаните од муслиманска вероисповед
• 27 мај (среда), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ
• 22 ноември (недела), Ден на албанската азбука
За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ
• 27 јануари (вторник), Свети Сава
За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ
• 8 април (среда), Меѓународен ден на Ромите
За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ
• 23 мај (сабота), Национален ден на Власите
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ
• 21 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ
• 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ
• 21 декември (понеделник), Ден на настава на турски јазик
фото: принтскрин
Македонија
Со емотивно видео семејствата на загинатите во „Пулс“ најавија нов протест в сабота во Скопје, следната недела почнува судењето
Здружението на граѓани „16-ти Март“ – кое го создадоа семејствата на жртвите во трагедијата која се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, најави нов марш на ангелите што ќе се одржи в сабота во 12.05 часот на скопскиот плоштад.
„Од радост до тишина – нашите ангели што заминаа премногу рано. Ги испративме со песна, а судбината ни ги врати во болка. Ова видео е потсетник дека зад секоја трагедија стојат вистински животи, семејства и љубов. Да не дозволиме болката да биде заборавена – да бараме правда со достоинство и сила“, се вели во описот на видеото.
Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени, почнува следната недела, на 19 ноември.
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вчера најави дека обвинението ќе го застапува тим од околу 15 обвинители, со веќе утврден план за нивна координација.
Обвинението, поднесено во јуни годинава, опфаќа 34 физички и три правни лица, обвинети за тешки дела против општата сигурност. Меѓу нив се тројца поранешни градоначалници на Кочани, четворица директори на Дирекцијата за заштита и спасување, пет државни службеници, генерален секретар и двајца поранешни министри за економија. Првообвинети се тројцата одговорни лица и сопственици на фирмата чија подружница бил кабарето „Пулс“.
Покрај главниот предмет, се води и посебна истрага против 13 полицајци поврзани со случајот, која се одвива побавно поради одложени сослушувања на сведоци. Одлуката од Јавното обвинителство се очекува на почетокот на декември.
Во Основното јавно обвинителство Кочани се води и предистражна постапка против службеници на Управата за јавни приходи.
Македонија
„Никој не сака да биде дел од компромитираната клика на Филипче, СДС е во целосен распад“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„СДС е во целосен распад по дебаклот на локалните избори, а кадровските промени кои ги најавува Филипче пропаѓаат уште пред да почнат. Никој не сака да биде дел од неговата губитничка, арогантна и компромитирана клика. Никој повеќе не сака да се идентификува со политиките на кланот Заеви и Филипче, кои СДС од државотворна партија, ја претворија во симбол на порази, поделби, лични интереси и предавства“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче под менторство на Заев, ја уништи довербата кај граѓаните и симпатизерите на СДС, а партијата ја сведе на 120 илјади гласа, што е огромен политички неуспех на раководство во СДС.
Филипче ја турка СДС во лидерска криза. Филипче ниту кај поранешни функционери и симпатизери на СДС, не е перципиран како лидер и не ужива доверба. Дел од овие луѓе со кои Филипче се има видено изминатиов период, не сакале да бидат дел од раководството на СДС.
Дури и најгласните поддржувачи и некогашни функционери во СДС денес одбиваат да бидат дел од СДС. Никој повеќе не сака да стои зад Филипче, кој со својата неспособност и лукративни цели на кланот Заеви ја закопа партијата на дното.
СДС се соочува со лидерска криза кој ја блокира реформата во партијата. Единствениот чекор, кој може да ја спаси СДС од целосен распад, е итна оставка на Филипче и започнување на вистински внатрешни реформи“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

