Свет
Директорот на СЗО: Децата умираат од глад во северниот дел на Газа
Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, денеска изјави дека децата умираат од глад во северниот дел на Газа и дека овие мрачни наоди дошле по посетата на претставниците на агенцијата на ОН на болниците „Ал-Авда“ и „Камал Адван“ за време на викендот.
Тој на социјалните мрежи напиша дека недостигот на храна резултирал со смрт на десет деца и тешки нивоа на неисхранетост, а болничките згради биле уништени, јавува Би-би-си.
Според него, СЗО успеала да испорача 9.500 литри гориво во секоја болница, како и некои неопходни медицински материјали, но дека тоа е „дел од итните потреби за спасување животи“, пренесува „Танјуг“.
Тедрос рече дека СЗО апелира до Израел да се погрижи хуманитарната помош да се доставува безбедно и редовно.
„На цивилите, особено на децата и медицинскиот персонал, итно им е потребна поголема помош. Но, клучниот лек што им е потребен на сите овие пациенти е мирот. Прекин на огнот“, нагласи Тедрос на платформата „Икс“. Министерството за здравство во Газа, кое го води Хамас, во неделата извести дека најмалку 15 деца починале од неисхранетост и дехидрација во болницата „Камал Адван“, јавува Би-би-си.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел ги засили нападите врз јужен Либан
Израел денес ги засили воздушните напади врз јужен Либан, при што загина најмалку една личност. Израел рече дека нападите се насочени кон спречување на повторното воено зајакнување на Хезболах, кој, според нив, се обидува повторно да се вооружи по завршувањето на минатогодишната војна.
Хезболах тврди дека ги исполнува обврските од договорот за прекин на огнот и дека ги повлекол силите северно од реката Литани, каде контрола треба да преземат либанската армија и УН силите (УНИФИЛ). Но спроведувањето на договорот е отежнато поради израелските операции и внатрешните политички услови во Либан.
Денес Израел предупреди четири јужни села – Деир Кифа, Шехур, Аината и Таир Филсаи – и објави дека напаѓа инфраструктура на Хезболах. Во претходен напад врз селото Ал-Тири загинала една личност, соопшти либанското министерство за здравство.
Израелската војска тврди дека убила член на Хезболах задолжен за „обнова на воената подготвеност“. Во вторникот Израел изведе еден од најсмртоносните напади од минатогодишниот конфликт, убивајќи 13 лица во палестински бегалски камп кај Сидон. Израел рече дека нападнал објект што го користи Хамас, додека Хамас негира присуство на воени структури во камповите.
Свет
10.000 полски војници ќе ја чуваат критичната инфраструктура на земјата
Полска ќе распореди 10.000 војници за заштита на критичната инфраструктура, вклучително и железниците, изјави министерот за одбрана Владислав Кошињак-Камиш, објави Ројтерс.
Соопштението доаѓа по експлозијата на железничката пруга за време на викендот, за која Варшава ја обвинува Москва.
Претстојните божиќни празници може да бидат сметани од непријателите на Полска како добро време за саботажи, ги предупреди новинарите началникот на полскиот Генералштаб, Вислав Кукула.
Претходно денес, министерот за надворешни работи го објави затворањето на рускиот конзулат во Гдањск и предупреди дека одговорот на саботажата на железничките линии нема да биде само дипломатски.
Свет
Берлин: На Украина итно ѝ е потребна поголема помош за одбрана
Германската влада соопшти дека на Украина итно ѝ е потребна поголема помош во одбраната. Берлин обезбедува дополнителна материјална помош за Киев за зимата.
Ситуацијата во Украина е многу напната поради континуираните напади на Русија и на Киев итно му е потребна помош од партнерите во одбраната, изјави портпарол на германската влада.
„Континуираните напади на Русија ја ставаат Украина под огромен притисок и ова е уште една причина поддржувачите на Украина да ѝ помогнат на земјата да се одбрани“, изјави владиниот портпарол на редовната владина прес-конференција во Берлин.
Во екот на тековните руски напади врз украинската инфраструктура, германската влада објави дека ќе испрати и дополнителна зимска помош за земјата во вредност од 40 милиони евра.
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека Германија „помага да се одржат домовите топли и осветлени и да се осигури дека Русија нема да успее да го скрши моралот на Украинците кои ја бранат својата татковина со гаѓање на инсталации за гас и електрична енергија“.
Средствата, според неговата изјава, ќе бидат искористени за хуманитарни мерки: поправка на системи за греење и оштетени домови, како и снабдување со генератори, ќебиња и хигиенски производи.
Во исто време, сепак, има намалувања на хуманитарната помош: во 2024 година, придонесот на Германија за хуманитарна помош беше над 400 милиони евра, но за оваа година е значително намален.

