Спорт
(Видео) Навивачите на Лацио пееја фашистички песни во центарот на Минхен

Лацио го игра реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Баерн Минхен.
Навивачите на тимот од Рим очекувано го окупираа Минхен, особено и поради резултатот, бидејќи Лацио има предност од 1:0, која ја донесе од Италија, но Баерн и понатаму е голем фаворит за пласман во четврт-финалето од Лигата на шампионите.
“Duce, duce, duce”#SSLazio-Fans skandieren faschistische und pro-mussolini-Slogans in #Münchens Hofbräuhaus-Bierhalle (wo Hitler das erste große Treffen seiner Nazi-Partei abhielt) vor dem heutigen #UCL-Spiel zwischen Lazio und #FCBayern.
(Video La Repubblica) #5marzo pic.twitter.com/2UDf82yNZR— hugo knödler (@gorch667) March 5, 2024
Главното место за средба на навивачите на Лацио беше сега познатата пивница во Минхен, Хофбрау, каде што обично се собираат навивачите на противничките тимови кога нивниот тим игра против Баерн, без разлика дали се работи за фудбал или кошарка.
Оваа пивница стана позната затоа што таму Адолф Хитлер држеше говори кои беа основа за создавање на нацистичка Германија.
Навивачите на Лацио инаку се познати по нивната десничарска ориентација, каде се велича Бенито Мусолини и неговото фашистичко движење.
По тој повод, жестоките поддржувачи на клубот од Рим во споменатата пивница пееја песна во која го величеа Мусолини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Најдете си друг селектор ако не ви се допаѓа играта“

Српскиот селектор, Драган Стојковиќ Пикс, пред квалификацискиот дуел со Албанија во Тирана, најавуваше победа на неговата репрезентација, на крајот беше и повеќе од задоволен со освоениот бод.
Голманот на Челзи, кој минатата сезона бранеше на позајмица во Стразбур, Ѓорѓе Петровиќ, се претоври во апсолутен херој на Србија, откако на истекот на првиот дел го одбрани пеналот што го изведе Манај.
Пикси на прес-конференцијата бурно реагираше на констатацијата дека најавувал победа, а се задоволил со еден бод.
„Не ви се допадна играта? Не? Тогаш најдете друг селектор“, рече Стојковиќ и дополни.
„Не е лесно да се игра тука, а ние покажавме карактер. Не се исплашивме од атмосферата, која беше фантастична, честитки до навивачите на Албанија“.
Пиксеи изненади и со оваа изјава бидејќи српските фудбалери во текот на целиот натпревар беа наредувани, а тројца беа погодени и со предмети од трибините.
„Атмосферата беше фантастична. Што се однесува до овие други работи, тие беа очекувани. Бевме фокусирани на играта.“
Спорт
Челзи се договорил со Гитенс, Борусија Дортмунд сака повеќе пари

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Џејми Гитенс, е цел на Челзи. Клубот и фудбалерот ги договориле финансиските детали, по што во Дортмунд е испратена понида за крилниот напаѓач.
Челзи ѝ нуди на Борусија 35 милиони евра обештетување за 20-годишникот, додека во Дортмунд бараат најмалку 50 милиони за да дадат зелено светло за трансферот.
Англичанецот побарал дозвола за трансфер од челниците на клубот, а бундеслигашот го гледа тоа како идеална можност сериозно да профитира од уште еден многу талентиран фудбалер од своите редови.
Гитенс имаше одличен почеток на сезоната, беше една од ретките светли точки под водство на поранешниот тренер на „милионерите“, Нури Сахин, но кај Нико Ковач и не беше толку добар.
Хрватскиот стратег често го форсираше системот без вистински крилни напаѓачи, но Гитенс повторно се бореше за поголема улога на крајот од сезоната.
Џејми одигра вкупно 48 натпревари во сите натпреварувања, со учинок од 12 гола и 3 асистенции.
На Челзи му се потребни засилувања на крилните позиции откако се раздели со позајмениот играч на Манчестер Јунајтед, Џејдон Санчо, но и поради суспензијата на Микаил Мудрик поради позитивен допинг тест.
Гитенс (20) играше во младинските тимови на Рединг, Челзи и Манчестер Сити, а е член на Борусија од 2020 година.
Спорт
Мекинтош го урна светскиот рекорд на 400 метри слободно

Канадската пливачка Самер Мекинтош го собори светскиот рекорд на 400 метри слободен стил со време од 3:54.18 минути на националното првенство во Монтреал.
Мекинтош, трикратна олимписка шампионка и поранешна светска рекордерка во оваа дисциплина, го собори претходниот светски рекорд од 3:55,38, поставен од Австралијката Ариарне Титмус на Светското првенство во Фукуока, Јапонија, за повеќе од една секунда.
„Уште од вечерта знаев дека мојот тренинг во последните неколку месеци беше навистина добар и дека можам да направам нешто посебно. Но, не мислев дека моето време ќе биде толку добро, па затоа сум навистина среќна“, рече 18-годишната Мекинтош.
На Светското првенство во Сингапур, кое ќе се одржи од 11 јули до 3 август, таа ќе учествува во седум дисциплини, вклучувајќи ги 400 метри слободно, 800 метри слободно, 400 метри мешано, 200 метри мешано, 200 метри слободно, 200 метри пеперутка и 200 метри грбно. Таа објави дека планира да се натпреварува во пет дисциплини.
Мекинтош освои злато во 200 метри пеперутка, 200 метри мешано и 400 метри мешано на Олимписките игри во Париз минатата година. Во Сингапур ќе се обиде да додаде уште едно злато, а досега има четири светски титули.