Македонија
Граѓаните гледаат дека Силјановска е реприза на Иванов, ДПМНЕ не може да донесе никаква промена на подобро, вели Кузеска

„Она што го нудат ДПМНЕ и Силјановска е да се откажеме од иднината, од надежта, да се изолираме и да се збогуваме со секоја вистинска и суштина промена за подобро утре. Силјановска Давкова ревносно ги спроведува политиките на ДПМНЕ на блокади и кочење на европскиот пат во македонското Собрание. Застанува диретно против Договорот од Преспа и на Преговарачката рамка за влез во ЕУ“, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
„Толку јасно. Граѓаните гледаат дека Силјановска е реприза на Иванов. ДПМНЕ не може да донесе никаква промена на подобро. Потврда за тоа е катастрофата што се случува во Скопје но и во општините коишто ги води оваа партија. Не ни е потребна нова катастрофа, на граѓаните не им е потребен претседател кој ќе биде партиски послушник, ќе ја кочи иднината на земјата и ќе бара да се откажеме од подобро утре“, вели Кузеска.
Според неа, само со Пендаровски е остварлива единствената реална надеж за светла македонска иднина- членство во ЕУ.
„Патот до ЕУ е тежок и долг, но сепак тоа е единствениот начин за суштински позитивни промени. Со визија за интегрирана, стабилна и просперитетна Македонија во Европа Пендаровски е победнички кандидат за најважниот аспект, иднината на државата, на народот. На граѓаните им е потребен европскиот животен стандард европските вредности и европскиот живот дома, и тоа сега, а не за 100 години или никогаш. Затоа на претстојните избори граѓаните ќе дадат силна поддршка за Пендаровски со што ќе кажат НЕ за изолација и ДА за Европа“, завршува Кузеска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Од утре петок до сабота, во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут.
Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Судијата за врски на Франција за балканскиот регион во посета на Јавното обвинителство

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска се сретна со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, на средба за претставување на новоназначениот судија за врски на Република Франција за регионот Сирил Лакомб.
Тој е еден од вкупно 20 судии за врски на Франција во светот, а од државниот обвинител Коцевски се информираше директно за состојбите во обвинителството. Притоа, судијата за врски Лакомб понуди поддршка со оперативна и техничка помош, но и експертиза преку француските правосудни органи.
Бидејќи и самиот бил јавен обвинител и лице за врски на Република Франција со Европравда, Лакомб се интересираше и за постапката за делегирање на обвинителот за врски на Република Северна Македонија во оваа меѓународна институција.
Јавниот обвинител Коцевски, од своја страна, изрази благодарност за континуираната француска поддршка за работата на Јавното обвинителство.