Македонија
Тошковски за Полициската станица за граничен надзор Чашка: Се соочува со сериозен недостиг на човечки ресурси и материјално-технички средства
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја посети Полициската станица за граничен надзор Чашка, која е надлежна за надзор на дел од нашата северна граница кон Косово, каде што одржа работен состанок со командирот и другиот раководен кадар на оваа станица.
Од страна на раководството на ПС за ГН Чашка министерот беше запознаен со нивната работа и структура, при што му беа посочени и голем број проблеми со кои секојдневно се соочуваат поради што се спречени соодветно да го извршуваат обезбедувањето на граничната линија во должина од 22 км за која се надлежни. Во тој контекст, особено загрижува фактот што специјалната камера, која е од големо значење за превенција и спречување илегални преминувања, шверц и други криминални дејства преку граничната линија е нефункционална повеќе години.
Министерот Тошковски констатира дека оваа полициска станица се соочува со сериозен недостиг на човечки ресурси и материјално-технички средства неопходни за квалитетен надзор на граничната линија која ја покрива, со што практично се доведува во прашање функционалноста на полициската станица, а со тоа и безбедноста на државната граница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

