Свет
Ким Џонг-ун ѝ нареди на армијата: Подгответе се за војна

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во средата ја прегледа теренската обука на војниците во голема воена оперативна база во западниот регион на земјата и нареди зголемена подготвеност за војна, објави во четвртокот севернокорејската државна новинска агенција КЦНА.
Обиколката на базата, чија локација не е идентификувана, доаѓа по почетокот на годишните заеднички воени вежби на американските и јужнокорејските сили во понеделникот, во кои бројот на војници е двојно зголемен во споредба со минатата година.
Ким рече дека војската мора динамично да постави нов врв на интензивирање на воените подготовки во согласност со барањата на преовладувачката ситуација, објави КЦНА.
„Нашата војска треба постојано да ги интензивира вистинските воени вежби со цел бргу да ги подобри своите борбени способности за совршена воена готовност“, агенцијата им ги соопшти зборовите на Ким на војниците.
КЦНА не соопшти дали Ким директно мислел на воените вежби на САД и Јужна Кореја. Тој ги посети војниците што вршат вистински маневри во услови што симулираат вистинска војна, објави агенцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Додик: Добив понуда од моќни луѓе

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека некои моќни луѓе од Европа му понудиле мирно да ја напушти Босна и Херцеговина.
„Имам понуда од некои моќни европски луѓе, кои ми испратија порака дека немаат ништо против да заминам и да бидам слободен во Унгарија, Русија, Србија, каде и да сакам“, рече Додик во емисијата „Телеринг“ на РТРС. Тој рече дека нема да ја напушти Република Српска.
Пред еден месец судот на БиХ издаде налог за апсење на Додик и му одреди едномесечен притвор поради одбивање да се јави на поканата од Обвинителството на БиХ за сослушување како осомничено лице.
Додик беше прогласен за виновен со првостепената пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник Кристијан Шмит. Покрај тоа, Додик е под истрага за сомнителното купување вила во Белград, а тој одби да се јави на поканата за сослушување во тој случај.
Свет
Во Турција уапсени 525 дилери на дрога во најголемата операција во земјата

Турската полиција уапси 525 осомничени дилери на дрога во операции во Анкара, што е најголемата операција против дрога во историјата на земјата, објави министерот за внатрешни работи на земјата, Али Јерликај.
Во операцијата учествувале илјадници полицајци, кучиња трагачи, дронови и хеликоптери, а цел биле повеќе од 625 објекти, рече Јерликај, објави АП.
Рациите следуваа по шестмесечен технички и физички надзор на секој осомничен.
Свет
Италијанскиот претседател се врати во својата резиденција по успешната операција

Италијанскиот претседател Серџо Матарела денес ја напушти болницата „Санто Спирито“ во Рим по вградувањето пејсмејкер.
Во вторникот Матарела успешно беше подложен на хируршка интервенција за инсталирање пејсмејкер, а претседателството нагласи дека нема причина за загриженост, објави „Анса“.
Тој се врати во својата резиденција, објави неговиот кабинет.
Веста за хоспитализацијата на претседателот предизвика многубројни пораки за поддршка од сите политички кругови, вклучително и од премиерката на земјата, Џорџа Мелони.
„Му ги испраќам моите најтопли желби на претседателот Матарела за брзо и целосно закрепнување. Италија ве очекува набргу со истата сила и посветеност“, рече Мелони преку социјалните мрежи, пренесува „Танјуг“.